ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Натпреварот на албанската репрезентација на ЕП 2024 го „парализира“ Собранието; Во Албанија промовирано првото оклопно воено возило „Шота“; Косово го одбележува денот на ослободувањето, но не како државен празник

June 12, 2024 11:55
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот парламент нема да заседава од утре бидејќи дел од албанските пратеници ќе патуваат за Германија за да ги проследат фудбалските натпревари на репрезентацијата на Евро2024, известуваат албанските медиуми.

Во Република Косово денеска се одбележува денот на ослободувањето, но не како државен празник, поради условувањето на  Законот за службените празници од страна на Српска листа, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Натпреварот на албанската репрезентација на ЕП 2024 го „парализира“ Собранието, пратениците ќе одат во Германија на Евро 2024

Иако пленарната седница требаше да се одржи утре ( четврток) , Собранието одлучи денеска да се работи. Се чини дека ова „отстапување“ е направено поради првиот натпревар на албанската репрезентација против Италија на Евро2024, пренесува Балкан Веб.

Покрај навивачите, оние кои најмногу ќе уживаат изгледа се пратениците на Парламентот на Албанија.

Добар дел од нив од четврток ќе отпатуваат за Германија и затоа Собранието а ја одложи пленарната седница за денеска.

Дел од албанските законодавци ќе патуваат со автомобил, кои ќе ја следат Албанија во трите меча во групната фаза, покрај мечот со Италија, и оние со Шпанија и Хрватска. Затоа, поради оваа причина, следната недела нема да има пленарна седница во парламентот.

Газета Експрес: Во Албанија промовирано првото оклопно воено возило „Шота“ –  „Made in Albania“

Компанијата „Тимак“ го претстави прототипот на првиот оклопен воен автомобил, произведен во Албанија.

Возилото пред три недели беше најавено  од министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, кој претходно укажа  дека тимот на „Тимак“ го сочинува екипа која има 75 отсто млади жени. Според неговата најава, оваа компанија извезува автомобили во 20 земји во светот, пренесе Газета Експрес.

КОСОВО

Косово го одбележува денот на ослободувањето, но не како државен празник

Пред 25 години во  Косово беа распоредени 50.000 војници на НАТО, а со нив и привремената администрација на Обединетите нации. И во текот на сите овие години, косовските  институции не го официјализираа како државен празник.

На 12 јуни 1999 година, по 78 дена бомбардирање од страна на Западната воена алијанса предводена од Америка против српско-црногорските воени цели на Косово во Србија и Црна Гора, трупите на НАТО влегоа во Косово во мировната мисија која ќе се вика КФОР, со што завршија речиси две-годишната  војна меѓу востаничкото албанско население организирано во редовите на Ослободителната војска на Косово и окупаторските српско-црногорски воени и полициски сили.

Според изјавите, измената на Законот за службените празници продолжува да се условува со Српската листа. Во меѓувреме, Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВЛ-УЧК) го критикува таквото нешто. Според оваа организација, последните години овие празници мрзеливо ги одбележуваат институциите во земјава, додека опозициските партии сметаат дека недостига политичка волја Денот на ослободувањето да се вметне во календарот на официјалните празници, пренесува Бота Сот.

Телеграфи: Поранешниот претседател на САД, Клинтон, објави видео по 78-дневниот напад на НАТО врз Србија: Денеска се заблагодарувам за 25 години мир на Косово

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, големиот пријател на Албанците, се присети на моментот кога меѓународната заедница на чело со САД стави крај на војната во Косово и на злосторствата на Србија.

Клинтон во објава на платформата Х го прикачи видеото на кое се прикажани моментите од тој период и периодот кога НАТО 78 дена ги бомбардираше воените цели на Србија за да стави крај на злосторствата и етничкото чистење во  Косово, пренесува Телеграфи.

КОЛУМНА

Газета Експрес:  „Мојот расказ за првите денови од слободата“

„Чувствата на радост беа толку силни што не сакав да знам за физичкиот замор. Сакав да пеам што погласно, но штом помислив на моето семејство во Дреница, гласот ми престана. Немав информации што им се случило во тие три месеци.

Сомнежите дека можеле да бидат убиени, не ми излегуваа од ум. Се разбира, и надежта дека ќе ги најдам сите живи. Кога се спуштивме во рамнината, застанавме на поток. Чизмите не ми беа собуени повеќе од две недели. Ги соблеков чизмите и ги натопив нозете во студената вода на потокот. Чорапите, кои имаа ужасно силен мирис ги измив во вода и откако ја исцедив водата ги облеков  се уште мокри.“, пишува за своите  сеќавања за крајот на војната авторот Блерим Латифи во колумната „Мојата приказна за првите денови на слободата“, објавена во Газета Експрес.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk