ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

June 14, 2024 09:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со доделувањето на наградите и со концерт на Добрила и Дориан дуо во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Напладне жирито во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора, на прес-конференција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја соопшти одлуката за најдобрите остварувања и за најдобрата театарска претстава во целина на годинашниов Фестивал. Годинава прв пат и публиката гласа и ќе биде соопштено која претстава, според неа, е најдобра.

Во конкуренцијата за награди се претставите: „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а во изведба на Драмски театар, „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска на Прилепскиот театар, „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, во продукција на Албански театар од Скопје,  „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, „Црна Дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во продукција на ЦК „Антон Панов“ од Струмица, „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, на Ц.К. „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, во продукција на Македонскиот народен театар, „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, на Турски театар од Скопје, „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани на Народниот театар од Битола, „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија и претставата „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на Театар за деца и младинци од Скопје.

Од 7 до 14 јуни Фестивалот понуди богата програма, а мотото е „Промени се, промени сѐ“.  Се одиграа 11 претстави во официјалната и уште 5 во придружната програма. Имаше промоции на театарска и театролошка литература, разговори за одиграните претстави, работилници, театар за деца, а сето тоа предизвика голем интерес кај публиката. Автор во фокусот беше Горан Стефановски кому му беше посветен и еден фестивалски ден.

Tags: Војдан ЧернодринскиМТФнаградиПрилеп
Next Post
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Цената на национализмот: Скапа, но ефективна алатка за манипулација

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk