ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис: Праведен и одржлив мир не може да биде резултат на капитулација на Украина

June 17, 2024 10:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, РЕГИОН

Говориме за праведен и траен мир. Но, верувам дека сите што сме овде можеме да се согласиме дека овој мир не може да биде резултат на капитулацијата на Украина. Затоа Грција, заедно со многу други земји, ќе продолжи да ја поддржува Украина да се брани, за да дојдеме до точка да има кредибилни преговори, што ќе доведат до праведен и траен мир, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Самитот за мир во Швајцарија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис изрази задоволство што во заклучоците во заедничкото соопштение е истакната важноста од одржување на слободна, целосна и безбедна трговска пловидба, како и поддршка за Украина во заштитата на нејзините пристаништа и инфраструктура, но посочи дека најважната причина зошто оваа војна е глобално прашање „е фактот што сите ние сме тука да ја изразиме нашата посветеност на меѓународниот поредок заснован на правила“.

– За да се испрати многу јасна порака дека суверенитетот мора да се почитува, дека границите не може да се менуваат со сила, дека мора да се почитуваат меѓународните правила, дека земјите и народите имаат право да изберат свој систем на владеење и да ја одредуваат сопствената судбина и сопствената иднината, дека нуклеарната безбедност не може да биде загрозена, дека храната не може да се инструментализира, порача Мицотакис.

Во изјава за државната телевизија ЕРТ по завршувањето на Самитот, грчкиот премиер посочи дека „со самиот факт што учествуваа речиси 100 земји е важна глобална потврда за потребата конечно да се постигне праведен и одржлив мир во оваа војна“.

Од Швајцарија, Мицотакис замина за Брисел каде што денеска ќе учествува на неформалниот самит на ЕУ, а за ЕРТ изрази оптимизам дека Урсула фон дер Лајен повторно ќе биде избрана за претседателка на Европската Комисија.

-Како што знаете, заедно со полскиот премиер презедовме должност на неформални преговарачи во име на Европската народна партија со цел да дојдеме до распределба на важни одговорни позиции. Да, оптимист сум дека на неформалната лидерска вечера ќе стигнеме до заедничко прифатливи имиња, почнувајќи очигледно со кандидатурата на г-ѓа фон дер Лајен за да продолжи да биде претседателка на Европската комисија и во следните пет години, рече Мицотакис.

Next Post

Шест клучни поенти од мировниот самит во Швајцарија: Зошто праведен мир за Украина значи и мир за светот

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk