ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Мицкоски да покаже лидерство и да ги почитува одредбите од Преспа

June 17, 2024 20:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На дебатата за Договорот од Преспа, на која учествувавме јас и Алексис Ципрас, им испратив јасна порака на премиерите на Грција и Северна Македонија, Мицотакис и Мицкоски да ја преземат одговорноста за целосно спроведување и почитување на Преспанскиот договор, вели во објава на Фејсбук, поранешниот премиер Зоран Заев од Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина, која е организирана од Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Зоран Заев – Едно општество за сите.

„Мицкоски да покаже лидерство и да ги почитува одредбите од Преспа, бидејќи јавно изјавува дека ќе го почитува Договорот. Но, ако тој не го употребува уставното име на нашата земја не само што испраќа лош пример пред граѓаните со кршење на Уставот, туку тој со тоа ќе крши и меѓународен договор и со тоа го доведува во ризик евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Мицотакис во повеќе наврати јавно потврди дека ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат до членство во ЕУ. За време на неговиот мандат двојно повеќе е зголемена економската соработка меѓу двете земји, а авионите на грчката армија веќе патролираа на нашето небо како дел од соработката како НАТО членки.

Со тоа Грција ги исполнува обврските кои произлегуваат од трите меморандуми како обврска од Преспанскиот договор и токму затоа нема потреба да се одлага нивната ратификација во Парламентот на Грција“, истакнува Заев.

Меѓународната конференција се одржува денеска и утре, а предвидено е учество на шефови на држави, европски комесари, академици, поранешни шефови на држави и експерти од повеќе области.

Поврзано: 

Заев и Ципрас му ја врачија првата Награда за мир Преспа на Метју Нимиц

 

Tags: ЗаевМицкоски
Next Post

Никола Димитров од Атина: Со Договорот од Преспа ѝ покажавме на Европа дека можеме да решаваме проблеми

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk