Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска се договорија да воведат 14-ти пакет санкции против Русија поради војната во Украина, објави белгиското претседателство со ЕУ на платформата Х (Твитер).
🇪🇺 EU Ambassadors just agreed on a powerful and substantial 14th package of sanctions in reaction to the Russian aggression against Ukraine.
This package provides new targeted measures and maximises the impact of existing sanctions by closing loopholes.
— Belgian Presidency of the Council of the EU 2024 (@EU2024BE) June 20, 2024
Во соопштението се наведува дека новиот пакет санкции е договорен поради „руската агресија врз Украина“.
Овој пакет, како што се наведува, претставува нови насочени мерки и го зајакнува влијанието на постоечките санкции со затворање на „дупки“ во заобиколувањето на санкциите.