ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Руралните жени на пазарот на трудот без доволна институционална поддршка

June 20, 2024 10:17
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
ФОТО ДЗР

ФОТО ДЗР

Share on FacebookShare on Twitter

Мерките и активностите за родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд кои се преземаат од страна на надлежните државни институции не се доволно ефикасни и ефективни со цел вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и задржување во руралните средини, констатира Државен завод за ревизија – во ревизијата на успешноста на проектот родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд

Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2023 година спроведе ревизија на успешност на тема „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“. Целта на ревизијата беше да се утврди дали се развиени мерки, политики за вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд.

– Mерките и активностите за родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд кои се преземаат од страна на надлежните државни институции НЕ се доволно ефикасни и ефективни со цел вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и задржување во руралните средини, се наведува во ревизорскиот извештај засновано на спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази.

„Во Националните стратегии за вработување и акциските планови не се предвидени посебни цели, индикатори, мерки и активности прилагодени за потребите на жените од руралните средини за нивно вклучување на пазарот на труд. Жените од руралните средини и нивното вклучување на пазарот на труд, не се дел од стратешките приоритети и цели на Владата. Податоците за реализација на Оперативните планови за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот не содржат податоци за корисници на мерки разделени по рурални и урбани средини, поради што не може да се утврди учеството на жените од руралните средини во овие програми и мерки“.

Според ревизостскиот извештај мерките за вработување и обуки кои се реализирани во периодот се општи, наменети се за сите мажи и жени во државата, но во нив не е вклучена родовата перспектива и не се прилагодени на потребите и специфичностите на жените во руралните средини.

„Мерката Инвестиции во руралната јавна нфраструктура од ИПАРД Програмата која треба да придонесе за подобрување на инфраструктурата во руралната средина и услови за вклучување на жените и девојчињата во образованието и пазарот на труд како и здравствени услуги, поради недостиг на капацитети во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, не е акредитирана“.

Во 2019 година за прв пат била воведена родово одговорна мерка 115 – Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство, а во 2022 година бил објавен и вториот јавен повик. Ревизорите утврдиле дека во 2022 година биле поднесени 66% помалку барања за финансиска поддршка во однос на 2019 година, а ставовите и перцепциите на жените се дека задоцнетите исплати на средствата за мерката од првиот повик влијаело на намалување на бројот на жени кои не поднеле барање во вториот повик .

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема спроведено анализа за ефектот од спроведувањето на Мерката 112 – Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност , односно нејзиното влијание во зајакнување, зголемувањето на бројот на млади земјоделци кои започнале со земјоделска дејност и нивниот статус од родов аспект.

Не се донесени посебни законски решенија за поддршка на речиси целосно напуштените подрачја или подрачја во фаза на сериозна депопулација во Република Северна Македонија кои формираат географска територија со значителна големина од вкупната територија на државата (до 4%). Согласно податоците од Државниот завод за статистика во државата 205 населени места се без ниту еден жител, а 218 населени места се со помалку од 10 жители.

Во 2023 година донесена е Програма за користење на неповратна финансиска поддршка за жените кои вршат земјоделска дејност и имаат статус осигуреник индивидуален земјоделец, со која се стекнуваат со правото на надоместок за мајчинство за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, со што придонесува кон социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност.

Инвестирањето во објекти за згрижување на деца од предучилишна возраст во руралните средини претставува добра основа за задржување на младата популација во руралните средини, но ревизорите утврдиле дека не е изработена сеопфатна анализа за потребата по рурални средини, временски рокови, надлежни институции и потребни финансиски средства.

Во државата постојат пет јавни установи за сместување на стари лица и истите се лоцирани во градски средини. Стратегијата за родова еднаквост 2021 – 2027 година во целта подобрен квалитетот на работа на жените предвиден е индикатор – изградба на домови за стари лица во руралните средини, но не се предвидени активности за постигнување на целта, односно не е утврдено во колку и во кои рурални средини ќе се градат домови.

Ревизијата се спроведе како кооперативна ревизија со ВРИ на Албанија и ВРИ на Косово, со поддршка на Агенцијата на Обединетите нации за родовa еднаквост и зајакнување на жените „UN Women“, каде Државниот завод за ревизија ја имаше улогата на координатор на активностите.

Дестан Јонузи

Tags: UN WomenДржавен завод за ревизијаженипазар на трудот
Next Post
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Оној што ти вели „после ова решение ќе бидам политички мртов”, тој работи за тебе, граѓанину!

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk