ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Нема промена во моите ставови за употреба на името на државата

June 24, 2024 22:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека неговиот став за употребата на уставното име е јасна и оти темата со придавката е затворена.

Во интервју за ТВ 24 Мицкоски истакна дека нема промена во неговите ставови, но оти промена е што тој како премиер кажува Македонија, а лицемерие има кај поранешниот премиер кој цело време „пееше Северна“. Премиерот рече дека заклетвата ја дал согласно законите и Уставот.

-Ни ветуваа дека ќе бидеме членки на  ЕУ, претходно сменивме знаме, менувавме Устав, сменивме име, се продаде лажна кампања за бесплатно здравство кое полошо не било никогаш, супер образование, а полошо не било никогаш. Наместо да добијам поддршка дека некој пркоси, дека не ги понижува граѓаните со придавката, јас сум предмет на напад, од Грција затоа што при колоквијална употреба користам Македонија, а од овие во опозиција кои распродадоа се што можеше да се распродаде, сум се заколнал со придавката, затоа што тие распродадоа се во името на ЕУ, потенцираше Мицкоски.

Во однос на критиките, Мицкоски посочи дека или погрешно го разбираат Преспанскиот договор или погрешно го читаат.

– Подготвен сум и за тоа да спорам и аргументирам.  Нека се навикнат на политичари кои нема да ги гледаат клекнати на колена кои ќе молат и го уништуваат достоинството. Ниту ќе бидам преагресивен да преименувам автопати, аеродроми, споменици да градам, но ќе ме гледате како сечам ленти, како правам реформи.  Не го кршиме договорот, според членот 1 став 3 и тој се повикува на членот 7 став 2 и 3, за жал договорот е потпишан каков што е потпишан и не подразбира дека при колоквијална употреба и секојдневен живот треба да се кажува придавката, изјави премиерот.

На приемот кај претседателката Гордана Силјановска Давкова, претседателот на Владата рече дека не зборувале за заклетвата, на која Мицкоски се заколна под уставното име.

-Со неа имаме добри и исклучителни односи и таа е додадена вредност во нашата политика. Јас не сум политичар со задни намери, ниту таа. Изборниот законик во делот на заклетвата е таков каков што е, имајќи го предвид Уставот и законите ја дадов заклетвата со придавката. Ќе биде лицемерно ако одам во Вашингтон и пред мене е плочката со придавката и јас да кажам не го користам. Што ќе им кажам на граѓаните, тоа што го гледате, не го гледате или да ја скршам плочката и да излезам од самитот на НАТО? Ќе го слушате премиерот како го користи терминот Македонија, но таков е Уставот и целокупниот систем на комуникација ќе биде се додека ваквиот Устав е на сила. Јас сум трпел политички штети кога сум велел дека Преспанскиот договор е реалност. Нашите поддржувачи и граѓаните кои гласаа за нас точно ја знаеја пораката. Не беше пораката дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го искине Преспанскиот договор и дека ќе го врати името, рече Мицкоски.

Tags: име на државатаХристијан Мицкоски
Next Post
Фото: МИА

Претпладне сончево, попладне можност за пороен дожд и грмежи

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk