ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Предлогот на Лајчак за Заедницата да се испрати во Венеција; Продолжува судскиот процес за Тачи и другите; Мира Мурати од Open Al најави нови програми за вештачка интелигенција

June 24, 2024 14:08
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските владини претставници инсистираат нацрт-предлогот за Заедницата предложена од Европската унија да биде испратен на евалуација до Венецијанската комисија, јавуваат косовските медиуми.

Шефицата на CTO, во Open Al, инженерката со албанско потекло Мира Мурати, преку објава на социјалната мрежа X за изјави дека сега работат на унапредување на научното разбирање за да помогнат во подобрувањето на човековата благосостојба преку алатките за AI (Вештачка интелигенција) што ги градат, како што се Sora, GPT-4o, DALL·E и ChatGPT, пренесоа албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Клан Косова: Владата инсистира предлог нацртот на Лајчак за Заедницата  да биде испратен во Венеција

Владините претставници инсистираат нацрт-предлогот за Заедницата предложена од Европската унија да биде испратен на евалуација до Венецијанската комисија.

Три дена пред средбата Курти-Вучиќ во Брисел, извршната власт вели дека високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел или емисарот за дијалог, Мирослав Лајчак, можат да го испратат нацртот на советодавно мислење во Венеција, за во додаток на содржината земе официјална форма од неа.

Во меѓувреме, политичките аналитичари, исто така, го поздравуваат барањето на владата до ЕУ да го испрати нацрт-статутот на Заедницата  предложен за Косово во Венеција, но ја нагласуваат потребата Косово да ги исполни своите обврски од меѓународните договори за Заедницата, пренесува Клан Косова.

Газета Експрес: Курти ги повикува младите од немнозинските заедници да се вработуваат  во институциите

Премиерот Албин Курти побара од немнозинските заедници „да бидат активно вклучени во јавниот живот, покрај општестениот“.

Курти преку видео објавено на Фејсбук ги покани припадниците на немнозинските заедници да се пријават на отворените повици за да бидат вработени во јавните институции во земјата.

Понатаму, тој  рече дека Владата формира „меѓуинституционален тим за унапредување и вработување на недоволно застапените заедници со цел исполнување и почитување на квотата од 10 отсто како што е предвидено со нашите закони“, пренесува Газета Експрес.

РТВ 21: Продолжува судскиот процес за Тачи и другите

Во Специјалниот суд во Хаг денеска ќе продолжи судскиот процес против поранешните лидери на ОВК, познат како случајот „Тачи и други“.

Овој судски процес се очекува да се одржи со почеток во 09:00 часот, пренесува РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз – Мира Мурати: Наскоро ќе лансираме нови програми за вештачка интелигенција!

Шефицата на CTO, во Open Al, инженерката со албанско потекло Мира Мурати, денеска преку објава на социјалната мрежа X зборуваше за извонредната моќ на Open Al технологијата.

Г-ѓа Мурати вели дека сега работат на унапредување на научното разбирање за да помогнат во подобрувањето на човековата благосостојба преку алатките за AI (Вештачка интелигенција) што ги градат, како што се Sora, GPT-4o, DALL·E и ChatGPT, кои се технички импресивни, пренесува Јава Њуз.

Нашата мисија, вели инженерот, останува иста: да ги направиме корисни, безбедни, лесни за употреба и достапни за што повеќе луѓе. Затоа, вели таа, преземени се силни заштитни мерки за намалување на штетните предрасуди и проактивно справување со можните негативни ефекти.

КОЛУМНА

Коха: Тестирање на реалноста на дијалогот

„Средбата на косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе биде вистински тест за да се види до каде е дијалогот. Тие не се сретнале од септември минатата година. Ако оваа средба е само за да се оправда платата на Мирослав Лајчак и да се остави впечаток дека Србија и Косово се конструктивни во дијалогот, тогаш не треба да очекуваме некаков пресврт во процесот, кој е речиси мртов“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „ Тестирање на реалноста на дијалогот“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Вицепрeмиерот Николоски по потпишувањето на Договорот во Лондон: Започнуваме нова историја за развој на Македонија

May 22, 2025

Димитриеска Кочоска за петте милијарди фунти: Уште немаме зрел проект за да зборуваме за каматите

May 22, 2025

Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната

May 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Толку од самостојноста на претседателката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕСА подготвува мисија за блиската средба со астероидот Апофис во 2029

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk