ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Деспотовски за ЦИВИЛ: Очекувам владата да ги презентира условите за користење на милијардата евра од Унгарија, и уште поважно, за што ќе бидат наменети

June 27, 2024 10:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ фотографија: Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ фотографија: Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Она што го наследивме како политичка влада во 2016 година, беше релативно пристојно развиен систем,  добро развиен систем на функционирање на зоните, коишто во тој момент генерирало меѓу 6 и 7 илјади работни места во државата, со одредена бројка странски компании внатре, и одредено ниво јавни приходи коишто тие компании со своето работење го уплаќале во буџетот, коешто не надминувало повеќе од седум или осум милиони евра на годишно ниво.

Со преземањето на власта од страна на СДСМ во 2017 година па се до денеска, а јас половина од овој период бев на чело на оваа дирекција, ТИРЗ, можам да кажам дека остваривме навистина добри резултати. Во моментов имаме над 18 илјади работни места, што значи дека бројката на работни места е зголемена за два и пол пати“, вели директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, во однос на тоа како е наследена дирекцијата, и што и остава на новата влада.

Со Деспотовски разговаравме за привлекување на странските инвестиции, платите во ТИРЗ надвор од слободните зони, најавената милијарда евра од Унгарија од страна на новиот премиер Мицкоски, но и економските проекции во програмата за работа на новата влада.

„Она што очекувам дека владата ќе го презентира, е кои се условите за користење на тие средства, и уште поважно, за што ќе бидат наменети. Има информации дека дел од тие средства ќе завршат во општините, што може да биде и добро доколку реално завршат за капитални инвестиции, а притоа мора да се внимава за болката којашто постојано ја имаме наназад со децении, а тоа е капацитетот на администрацијата, без разлика дали на локално или централно ниво, да реализира капитални проекти.

Ако тие средства се добијат со поволна каматна стапка, и се вложат во проекти кои ќе генерираат додадена вредност, не гледам причина зошто да не се даде поддршка за тој потег на владата, и да се обезбеди таа „инекција“ за забрзан економски раст“, вели Деспотовски за најавената милијарда евра на Мицкоски, од Унгарија.

Разговорот го водеше: Дијана Тахири

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска

Преземено: Цивил Медиа

Next Post
Џабир Дерала

Невидливо страдање: Заборавените жртви од тортура во Северна Македонија

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk