ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ристески: Што примопредаваат Муцунски и Митески, само тие си знаат

June 28, 2024 14:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Муцунски и Митески. Фото: Фејсбук профил на Митески

Муцунски и Митески. Фото: Фејсбук профил на Митески

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот примопредава функција на идниот градоначалник. Ни едниот, ни другиот во моментов не е градоначалник. Што примопредаваат, само тие си знаат, коментира координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром, Милутин Ристески, во објава на Фејсбук.

„Едниот е веќе министер, а другиот е само заменик градоначалник. За да стане градоначалник треба да биде изгласан од Советот, а не е. Во моментов е само назначен за заменик во отсуство на градоначалникот.

Заменик градоначалник е друга функција. Ја врши член на Советот, назначен од градоначалникот. Технички заменикот е сѐ уште член на Советот. До моментот додека Советот не го избере за градоначалник, ако го избере. Теоретски мнозинството сѐ уште може да избере друг член на Советот за градоначалник. И не е баш некоја ситуација за примопредавање. Како и да е, честитки и за двајцата и за арно нека е“, вели Ристески.

Претходно, претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во објава на Фејсбук истакна дека официјално ја презел функцијата од досегашниот градоначалник Тимчо Муцунски.

„Денеска официјално ја презедов функцијата заменик-градоначалник на Општина Аеродром што ми претставува голема чест, но секако и огромна одговорност. На средбата со поранешниот градоначалник Тимчо Муцунски разговаравме за тоа што го сработивме досега, како и за успешната соработка изминатите неколку години, додека ја извршував функцијата претседател на Советот на Општина Аеродром. Му посакав успешна работа како Министер за надворешни работи, со желба за искрена соработка и во иднина. Сакам да изразам огромна благодарност до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за довербата која ми ја даде, но и до сите граѓани за искрената поддршката, а јас можам да ветам дека со голема посветеност и упорна работа заедно со вработените во општината ќе продолжиме со реализација на уште голем број значајни проекти за уште подобар и поубав Аеродром“, наведува во објавата Митески.

Досегашниот градоначланик на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски е новиот министер за надворешни работи во владата предводена од Христијан Мицкоски.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

Ристески: Муцунски ги излажа граѓаните кога рече дека има цел до 2025 година да го заврши мандат како градоначалник на Аеродром

 

 

Tags: Дејан МитескиМилутин РистескиОпштина АеродромТимчо Муцунски
Next Post

Петровска повика да се откажат изборите за претседател на СДСМ во недела поради злоупотреба на лични податоци од страна на еден од кандидатите

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk