ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Амбасадорката Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ

June 30, 2024 11:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ангела Агелер

Ангела Агелер

Share on FacebookShare on Twitter

Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ. Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер.

Агелер, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека граѓаните од новата Влада треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата, нагласувајќи дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и дека власта треба да одговори на сите прашања.

– Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но тоа беше меѓународен договор, со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што и помогна на Северна Македонија, сега да влезе во НАТО, и доби многу можности за да напредува во Европската Унија. Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа “Северна“ во заклетвата.Тоа е од клучна важност и е фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува. Но како што веќе кажав и кажавме дека со почитување на Договорот од Преспа, што е клучно, и секако има начин, и приоритетот за нас во Скопје, во Американската амбасада и за Вашингтон, е да се премине на многу од тие многу важни приоритети за кои треба да се зборува оваа земја. Чувствувам дека има одредено количество на одвлекување на вниманието и собирање поени од тоа кој и што и кога кажал. Но важно е да се почитуваат меѓународните договори, за кои премиерот кажа дека ќе го стори и да одиме напред и да ги имаме многу важните разговори, изјави Агелер.

Прашана што треба да очекуваат македонските граѓани и кои треба да бидат приоритетите, Агелер вели дека ја следеле земјата во периодот на кампањата и на изборите кои беа фер и демократски.

– Демократијата е многу кревка работа, и ја следевме земјата во периодот на кампањата и на изборите кои беа предизвик и за граѓаните и за кандидатите во оваа земја. Резултатите, меѓутоа, беа многу дефинитивни. Изборите беа фер и демократски, сеедно која партија и кого граѓаните подржаа. Да се види овој демократски процес како напредува е позитивно за луѓето во оваа земја. Тие многу јасно кажаа на раководствотo дека сакаат да видат промена. Новата Влада јасно кажа за време на нивната кампањата кои сметаат дека се тие потребни промени. И сега е одговорност, мислам, на секој граѓанин во оваа земја и на сите нас да ги држиме за збор, се види дали се совпаѓаат активностите со изјавите дадени за време на кампањата. Зборуваа за справување со корупцијата, зборуваа за раст на економија, зборуваа за енергија и инфраструктура, за важноста на образованието и здравството за секој граѓанин на оваа земја. И ќе следиме внимателно, знам дека и сите вие ќе следите како овие ветувања ќе се претворат во акции и резултати за граѓаните на Северна Македонија, вели Агелер.

Tags: АгелерЕУмеѓународни договориСАД
Next Post

Израелски амбасадор во Белград: Нема оправдување за терористички чин, безбедни сме во Србија

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk