ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зајкова: Очекувам Владата да има јасен план за процесот со Бугарија

July 5, 2024 10:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова, во гостувањето на емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 нагласи дека чекаат Владата да даде јасен план во однос на најавеното репреговарање за Дoговорот за добрососедство со Бугарија.

„Очекувам Владата да има јасен план за процесот со Бугарија, а уште еднаш ќе укажам дека ЛДП стои на располагање да даде свој придонес. Репреговарање не верувам дека ќе има, но да најдеме заеднички јазик како ќе ги премостиме работите“, изјави Зајкова.

Претседателката на ЛДП нагласи дека времето ќе покаже дали наративите од изборната кампања биле вистинити или не и дали Македонија ќе обезбеди национален консензус за да оди напред кон ЕУ.

„Сметам дека Договорот од Преспа е прашање кое не треба повторно да се отвора, затоа што тоа прашање е затворено и тоа е веќе реалност, што го слушаме и од новата власт. Сега ги користиме бенефитите од таа тешка одлука која ја донесе тој парламентарен состав“, изјави Зајкова.

Во однос на шпекулациите при формирањето на новата Влада за приклучувањето на ЛДП во составот, таа рече дека и тогаш ги демантирале тие информации.

„Секогаш сме комуницирале со сите лидери на политички партии, затоа што Македонија мора да се држи до ниво на културен политички дијалог“, изјави Зајкова.

Говорејќи за понатамошниот евроинтегративен пат на државата и дејствувањето на новата Влада во таа насока, Зајкова рече, земајќи ги предвид изјавите на новите функционери, дека е оптимист дека ќе се надминат блокадите и дека државата ќе ги отпочне преговорите по поглавја.

Таа заклучи дека ЛДП останува цврсто на своите заложби, а тоа е полноправно членство во Европската унија и реформи во образованието и правосудниот систем и нуди поддршка за спроведување на истите.

Tags: бугаријаВладаЗајкова
Next Post
Фото: Министерството за одбрана на Грција

Борел и Дендиас денеска ќе го посетат седиштето на ЕУ операцијата „Аспидес“, а утре грчката фрегата во Црвеното море

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk