ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фрчкоски ги демантира обвинувањата за финансиски малверзации: Се шират лаги, срамна и мизерна е забелешката на службите во МНР

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е „погоден” на идеологијата на новите власти. И тоа е спремен да го направи. Амбасадорот, потврдува мисијата, моментално е на боледување по кое ќе се повлече од функцијата, за што МНР нема потреба да измеќарува.

July 8, 2024 10:35
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: ВОА

Фото: ВОА

Share on FacebookShare on Twitter

„Срамна и мизерна е забелешката на службите во Министерството за надворешни работи и трговија (МНР) дека амбасадорот злоупотребил службена картичка за авионски карти кон Македонија. Амбасадорот имаше итна медицинска интервенција во Македонија и беше на погребот на својот починат брат, ненадејни настани кои го примораа привремено да искористи пари од мисијата за авио билет, кои секако деновиве ги надомести од свои приватни средства“, реагира и демантира амбасадорот Љубомир Фрчкоски на Постојната мисија на РСМ при ООН во Њујорк, откако пред неколку дена во медиумите излезе информација дека тој е повикан на консултации во ресорното министерство, поради, како што објави ТВ Канал 5, повикувајќи се на извор од МНР, финансиски малверзации – затајување материјални средства од сукцесија на објекти, трошење финансии спротивно на правилниците на работа на дипломатско-конзуларните претставништва и непостапување по добиените насоки кои во изминатиот период ги добивал од МНР.

„Во медиумите низ Македонија деновиве се шират лаги за финансиското работење на Постојана мисија на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк и за амбасадорот, професорот Љубомир Фрчкоски, со поднаслов „од извори на МНР”.

Клучниот дел од тие лаги поранешниот министер, Бујар Османи, ги демантираше јавно нарекувајќи ги токму така “лаги”, а се однесуваа на добиените пари за сукцесија на објектот на поранешната СФРЈ во Њујорк.

Министерството за надворешни работи (МНР) пред една година реагирале на, како што велат, паушалните и без основа обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, последни од серијата манипулации создадени во фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ чија работа сѐ повеќе се засилува, во врска со тврдењата на Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека наводно амбасадорот Љубомир Фрчкоски и покрај неколкуте инструкции од МНР, не ги префрла парите од продажбата на апартманот на Тито на Парк авенија во Њујорк, и ги држи на сметката од мисијата.

Фрчкоски за ЦИВИЛ Медиа изјави дека во сè е објаснато во соопштението на МНР за “случајот“ кој е конструкција на лаги на ВМРО-ДПМНЕ и дека нема што дополнително да додаде.

Да потсетиме, конструкциите се однесуваа на тврдењата дека „амбасадорот со тогашниот Премиер прави матни зделки со тие пари и не ги внесува во буџетот каде законски припаѓаат”.

За тие тврдења кои сега, независно од аргументираниот демант од Бујар Османи, повторно се јавуваат, мисијата ги објавува следните документи (јавни исправи) од Уплати на тие пари од сукцесијата во Буџетот во три наврати (Прилог 1,2,3) – со што целосно се демантираат тврдењата на МНР.

  

Да биде состојбата на службите таму потрагична, тие кои сега се нудат да „им учинат на новите власти” овие документи на време ги имаат на увид и во поседство.

Службите во МНР не ѝ доставуваат на мисијата соодветни средства за лекарско осигурување на вработените во мисијата со што се крши законската обврска тоа безусловно да се обезбеди (на основа на погрешно направен тендер на вработена во мисијата која сега е во кабинетот на Министерот), а чие необезбедување повлекува кривична одговорност.

Мисијата чува некои минимални средства на државната, своја сметка, во случај МНР да не обезбеди средсва, а законската обврска принудува тие да ѝ се платат на здравствената компанија во САД.

(Прилог 4 Состојба на банкарска сметка)

И тоа е сè.

И тоа е јасно и транспарентно.

Срамна и мизерна е забелешката на службите во МНР дека амбасадорот злоупотребил службена картичка за авионски карти кон Македонија.

Амбасадорот имаше итна медицинска интервенција во Македонија и беше на погребот на својот починат брат – ненадејни настани кои го примораа привремено да искористи пари од мисијата за авио билет, кои секако деновиве ги надомести од свои приватни средства.

Што повеќе да се каже?

Не е никаков проблем амбасадорот да се повлече од функцијата кога не е „погоден” на идеологијата на новите власти. И тоа е спремен да го направи. Амбасадорот, потврдува мисијата, моментално е на боледување по кое ќе се повлече од функцијата, за што МНР нема потреба да измеќарува.

Но начинот кој МНР го бира за таа операција на отстранување на амбасадорот, со конструкција на валканици во финаското работење наспроти толку претходни и сегашни деманти е срамен, заслужува секаква осуда и покажува неприфатливо ниво на комуникација во јавноста.

Најпосле, мисијата го повикува МНР кој има инструменти, да испрати ревизија во мисијата која ќе ја утврди состојбата во целокупното работење на истата.

На крајот посебна трагедија во МНР е фактот што со ниту еден единствен збор не посочија на резултатите на Мисијата на Северна Македонија во ОН овие двеипол години. Во извештаите ги имаа сите факти, проекти и настапи. Исклучително значајни резултати. Но, за тоа во некои подобри времиња“, пишува амбасадорот Љубомир Д. Фрчкоски на постојана Мисија на Република Северна Македонија во ООН во Њујорк.

Во март 2022 година Љубомир Фрчкоски замина како амбасадор на земјава во ОН откако тогашниот претседател Стево Пендаровски го потпиша указот за негово заминување во мисијата. Фрчкоски, сепак, не успеа да ја презентира својата платформа пред собраниската Комисија за надворешни работи бидејќи тогашниот комисиски претседател Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, во најмалку два наврати, не закажа седница на Комисијата.

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk