ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лидерите на НАТО се собираат на тридневен Самит во Вашингтон

July 8, 2024 11:01
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во Вашингтон утре почнува тридневната средба на шефовите на држави или влади на земјите членки на НАТО со која ќе се одбележи 75-годишнината од формирањето на Алијансата во 1949 година. На Самитот ќе учествува и македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Според најавите, главни теми на средбата ќе бидат поддршката за Украина, плановите за одвраќање и одбрана на Пактот, зајакнувањето на одбранбена индустрија и инвестициите и зајакнување на глобалните партнерства, но со примарна цел за манифестирање на единство меѓу сојузниците.

Самитот се одржува во време на напредување на руските сили долж линијата на фронтот во источна Украина, кога европските сојузници прават напори да ја пренасочат економијата на одбранбена основа и во услови на избори во неколку клучни земји членки.

Во таква ситуација примарна задача на средбата ќе биде да се изнајдат нови начини и средства за поддршка на Украина, но не само на зборови, туку со преземање на конкретни ангажмани.

NATO

Членките на НАТО се согласија за обезбедување на воена помош во вредност од 40 милијарди евра за следната година, како и да и достават на Украина дополнителни системи за противвоздушна одбрана, откако Киев изминативе месеци инсистира на поголема поддршка за заштита од руските напади со ракети и дронови врз украинската критична и цивилна инфраструктура.

Тука паралелно се провлекува и прашањето за членството на Украина во НАТО. Во пресрет на самитот се водеше дебата околу формулацијата на поддршката на членките на НАТО за идното членство на Украина во Алијансата, при што беше јасно поставена црвената линија дека нема прием на земјата во Пактот се додека на заврши конфликтот на украинска територија.

На ова се надоврзува и втората црвена линија дека НАТО нема да испраќа свои сили на теренот во Украина.

Се очекува лидерите на НАТО да се обврзат и за поддршка на одбранбената индустрија и за изработка на национални стратегии за производство на оружје, чија основна цел ќе биде зајакнување на националните индустриски капацитети, но и построга стандардизација на муницијата за да се обезбеди нејзина интероперабилност на бојното поле. Според податоците, во моментов 14 членки отстапуваат од правилата на Алијансата во оваа сфера.

Потребата за зајакнување на одбранбената индустрија се јави како последица на руската инвазија врз Украина, при што членките на НАТО се најдоа прид задача да ги надополнат своите залихи на оружје и муниција, кои беа во постојано намалување по завршувањето на Студената војна и во исто време да обезбедуваат одбранбени системи, гранати и муниција за украинските сили за одбрана од руската агресија.

Покрај финансирањето на одбранбениот сектор се очекува да се посвети внимание и на привлекување на повеќе приватни инвеститори во оваа сфера и на обезбедување на поголем пристап на воената индустрија до средства за иновации и развој.

Неодминливо ќе биде и прашањето на воените трошоци во однос на поставената цел за издвојување на средства во висина од најмалку два проценти од БДП за одбраната. Според податоците, вкупно 23 од 32-те членки на НАТО, меѓу кои и Северна Македонија, во 2024 година ја оствариле оваа цел или ќе ја остварат до крајот на годината, што е повеќе од двојно повеќе во споредба со лани, кога условот го исполнуваа само 10 сојузници.

Земјава со издвоени средства за одбраната од 2,22 отсто е на 11-то место според висината на стапката на средствата од БДП. „Шампион“ во оваа класификација е Полска со 4,12 проценти од БДП, пред Естонија со 3,43, САД со 3,38 и Летонија со 3,15 отсто. Натаму до десеттото место следуваат Грција со 3,08 проценти од БДП, Литванија со 2,85, Финска со 2,41, Данска со 2,37, Велика Британија со 2,33 и Романија со 2,25 отсто.

По земјава, на 12-то место е Норвешка со трошоци за одбраната од 2,20 отсто од БДП, пред Бугарија со 2,18, Шведска со 2,14, Германија со 2,12, Унгарија со 2,11, Чешка со 2,10, Турција со 2,09, Франција со 2,06, Холандија со 2,05, Албанија со 2,03, Црна Гора со 2,02 и Словачка со два отсто, како последна, 23-та, земја сојузничка која го достигнала прагот од два проценти.

Под прагот и натаму остануваат Хрватска со 1,81 отсто, Португалија со 1,55, Италија со 1,49, Канада со 1,37, Белгија со 1,30, Луксембург и Словенија со по 1,29 и на последното место е Шпанија со 1,28 проценти од БДП издвоени за одбранбени трошоци.

Во некои кругови веќе се споменува идејата за поместување на целта на три отсто од БДП, но според дипломатски извори тоа засега останува само „далечна перспектива“.

Покрај лидерите на членките на НАТО на Самитот како гости ќе присуствуваат и високи претставници на ЕУ и на партнерските земји , пред се оние од Индо-Пацификот, како дел од напорите за зацврстувањето на глобалните партнерства на Алијансата со државите од овој регион.

Инаку, ова ќе биде последен Самит на актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој во октомври оваа должност ќе му ја предаде на донеодамнешниот холандски премиер Марк Руте.

Столтенберг во петокот најави дека на Самитот ќе се разговара за засилувањето на одвраќањето и одбраната, зајакнување на трансатлантската одбранбена индустриска соработка и зголемувањето на одбранбеното производството и зацврстувањето на глобалните партнерства, но дека „најитната задача“ ќе биде поддршката за Украина и дека очекува лидерите на членките на  НАТО да договорат „значителен пакет“ за Киев.

– НАТО ќе ја преземе координацијата и обезбедувањето на најголемата меѓународна безбедносна помош, изјави Столтенберг, додавајќи дека очекува на Самитот да бидат постигнати договори финансиска помош и понепосредна воена поддршка за Украина, да бидат склучени повеќе билатерални безбедносни спогодби меѓу земјите членки и Киев и да се продлабочи воената интероперабилност со земјата.

На прашањето дали на средбата ќе стане збор за „внатрешни прашања“, како резервите на одредени членки кон поддршката на Украина, ризиците од влез на екстремната десница во владата во Париз, зависноста на шпанската Влада од поддршката на екстремните левичари, исходот од претседателските извори во САД или прашањето за здравствената состојба на американскиот претседател Џо Бајден, Столтенберг дипломатски одговори дека самитите на НАТО секогаш се одржуваат во внатрешен политички контекст, но дека неговиот успех произлегува од фактот што „секогаш останува настрана од внатрешните политички прашања“.

Tags: ВашингтонлидериНАТОСамит
Next Post
Фото: Царинска управа

Царинска управа: Мобилен тим спречи криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk