ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Никола и Османи на Самитот на НАТО; Празнините во обвинителскиот систем во Албанија – зголемен товар за обвинителите

July 9, 2024 11:00
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На 75 годишнината на НАТО, на Самитот што ќе започне денеска во Вашингтон, ќе учествуваат и претседателката на албанскиот парламент, Линдита Никола и претседателката на Косово, Вјоса Османи, пренесуваат албанските медиуми во регионот.

Во Хаг продолжува судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Факс Веб: 75-годишнината од НАТО, претседателката на Собранието, Линдита Никола, на парламентарниот самит

Претседателката на Собранието, г. Линдита Никола, на Парламентарниот самит на НАТО, по повод 75-годишнината од Алијансата, јави Факс Веб.

Од 8 до 9 јули во Вашингтон се одржува Парламентарниот самит на НАТО, по повод 75-годишнината од Алијансата.

Претседателката на Собранието, г. Линдита Никола и претседателката на парламентарната делегација на Собранието во Парламентарното собрание на НАТО, г. Мими Кодели.

Во пресрет на Самитот, претседателот Никола и г. Кодели учествуваше на приемот организиран од претседателот на Претставничкиот дом на САД, г-дин Мајк Џонсон, за претседателите на парламентите и парламентарните делегации на земјите членки на Алијансата, на Капитол Хил.

ВОА: Албанија, обвинителите во тешкотии, празнините во системот го зголемуваат товарот

Во Албанија, обвинителскиот систем веќе неколку години ги трпи последиците од смената на обвинителите поради проверка. Во 15-те истражни органи од општа надлежност недостасуваат 40 отсто, со што тројно се зголемува работата за дежурните обвинители.

Експерти од правната област изјавија за Гласот на Америка дека овој товар го става во ризик квалитетот на истрагата. Раководителите на Јавното обвинителство го признаваат проблемот и велат дека се очекува дупките во системот да се пополнат за 5 години.

Во меѓувреме, појаснуваат дека за справување со товарот преземени се мерки со додавање на службеници од правосудната полиција, кои се важна алка за поддршка на обвинителите во истражните процеси.

КОСОВО

Бота Сот: Претседателката Османи  Османи учествува на Самитот на НАТО во Вашингтон

Од денеска до 11 јули во Вашингтон ќе се одржува Самитот на НАТО по повод 75-годишнината од најголемата воена организација во светот, јави Бота Сот.

Покрај претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден и други лидери, учествува и претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Тридневниот самит, кој започнува во вторник, ќе се фокусира на начините за обезбедување континуирана поддршка на Украина од НАТО и ќе им понуди одредена надеж на нејзините граѓани кои се уморниле од војна дека нивната земја може да го преживее најголемиот копнен конфликт во Европа во последните децении.

Зери: Продолжува судскиот процес против поранешните водачи на ОВК

Во Специјализираните комори на Косово во Хаг денеска ќе продолжи судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи, пренесува Зери.

Во Хаг денеска шести ден по ред се очекува да го продолжи сведочењето 75-от сведок на Специјалното обвинителство (СЈО), Бислим Зирапи.

Вториот дел од вчерашната седница, за судскиот спор против поранешните лидери на ОВК, не се одржа. Судијата претседавач, Чарлс Смит Трети, рече дека се одложува за вторник (денеска).

КОЛУМНА

Коха: „Другите регионални прашања“ на Лајчак

„Интересно е како Лајчак секогаш инсистира да се спомене неговата целосна улога, не само како специјален пратеник за дијалогот меѓу Косово и Србија, туку и за „другите регионални прашања на Западен Балкан“.

Со кои други „прашања“ се занимава во последните четири години, освен со дијалогот, не знаеме. Всушност, другите држави од регионот не сакаат Лајчак да зборува за нив, бидејќи сметаат дека на тој начин влегуваат во групата на проблематични земји. Тоа важи и за Албанија, чиј министер го покани Лајчак да се занимава со дијалогот и да не се меша во други прашања.“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Другите регионални прашања“ на Лајчак, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk