ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски: Како кредибилна НАТО членка остануваме посветени на зајакнувањето на колективната безбедност

July 12, 2024 10:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со владината делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на НАТО Самитот, што се одржа од 9-ти до 11-ти јули, во Вашингтон.

Во фокусот на темите, како што соопшти МНР, биле актуелните безбедносни предизвици, со посебен акцент на поддршката за Украина, зајакнувањето на одбраната и одвраќањето на Алијансата, како и унапредување на соработката со партнерите од Индо – Пацификот.

– Сојузниците го поздравија постигнувањето 2 отсто од БДП за инвестиции во одбраната од страна на 23 земји членки на Алијансата, меѓу кои и Северна Македонија. Земјава оваа година го надмина споменатиот праг и се очекува истиот да расте во периодот што следи. Со тоа докажуваме дека сме кредибилна НАТО членка, што активно придонесува за зајакнување на колективната безбедност, се наведува во соопштението.

На Самитот, како што посочуваат од МНР, биле реафирмирана силната и непоколеблива поддршка за Украина, оценувајќи ја руската агресија како брутално кршење на меѓународниот поредок базиран на правила.

 

-Воедно, беше донесена одлука за пакет за практична поддршка за Украина, како и заложба за долгорочна безбедносна помош на земјата. Северна Македонија останува цврста на ставот за поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, како и обезбедување помош за украинскиот народ се додека е потребно, се наведува во соопштението.

На состаноците била нагласена потребата од зајакнување на соработката меѓу НАТО и ЕУ во земјите од Западен Балкан, што претставува гаранција за регионалната и целокупната трансатлантска сигурност. Притоа, било истакнато дека продолжувањето на политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето на Европската унија се најдобрите алатки за постигнување траен мир и гарантирање на демократските процеси на нашите простори.

-НАТО Самитот беше одлична можност и за разгледување на перспективите за продлабочување на соработката со земјите од Индо – Пацификот, што е важно во променетиот геополитички контекст. Зајакнувањето на врските со Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд ќе придонесе за зајакнување на Алијансата и обезбедувањето силен и решителен одговор на растечките предизвици кои произлегуваат од соработка меѓу авторитарните актери, велат од МНР.

Во рамки на работната посета на Вашингтон, Муцунски остварил неколку средби, а по нејзиното завршување, тој патува за Њујорк, кадеќе има средба со претставници на македонската дијаспора и состаноци насочени кон зајакнување на билатералните односи и промовирањето на земјава како атрактивна дестинација за странски инвестиции.

Tags: МуцунскиНАТОСамит
Next Post
Фото: МИА

Мицкоски: Иднината на регионот е во борбата за посилна економија, соработка и создавање на иднина

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk