ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Претседателите на САД кои биле жртви на атентати

July 14, 2024 11:58
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Врз повеќе американски претседатели и претседателски кандидати, како и врз сенатори, конгресмени и гувернери извршени се атентати. Четири претседатели на САД се убиени во атентати, а исто толкав број и ги преживеаја нападите.

Во 1865 година Линколн беше убиен од Џон Вилкс Бут, познат актер и симпатизер на Конфедерацијата, додека тогашниот претседател ја гледаше претставата „Нашиот американски братучед“ во Фордовиот театар во Вашингтон. Нападот на Бут се случи само неколку дена по предавањето на силите на Конфедерацијата во Граѓанската војна. Бут беше дел од поголем заговор кој вклучуваше обид за атентат и врз потпретседателот Ендрју Џонсон и државниот секретар Вилијам Сиворд.

Гарфилд Џејмс Абрам Гарфилд е вториот претседател на САД кој е убиен. На 2 јули 1881 година, додека шетал со својата сопруга по улиците на Вашингтон Гарфилд беше застрелан од Чарлс Џ. Гито, жесток поддржувач на фракцијата Непоколебливи. Гарфилд починал два месеца по атентатот од нестручно лекување. Тој на фнкција беше само шест месеци и пет дена.

Претседателот Мекинли беше убиен на 5 септември 1901 година од анархистот Лав Чолгос во Бафало, Њујорк. Тој бил погоден во рамо и во стомак, а му подлегнал на раните девет дена по атентатот.

Претседателот Кенеди беше убиен во Далас, Тексас, додека се возеше во претседателската поворка. Кенеди беше убиен од Ли Харви Освалд. Комисијата на Ворен, која го истражуваше убиството, во 1964 година утврди дека Освалд, поранешен маринец, кој живеел во Советскиот Сојуз, дејствувал независно.

Поранешни претседатели на САД кои преживеаја атентат се Теодор Рузвелт, Џорџ Волас, Џералд Форд и Роналд Реган.

Во 1912 година Рузвелт како поранешен претседател кога бил застрелан во Милвоки, Висконсин. Куршумот, кој останал во градите до крајот на животот, бил забавен од свитканиот говор на 50 страници и челичната кутија за за очила во џебот од кошулата. И покрај тоа што бил застрелан, Рузвелт одлучил да го одржи планираниот говор. Додека во 1933 година како новоизбраниот претседател Рузвелт беше цел на обид за атентат во Мајами, Флорида. Тој не беше повреден, но во нападот е убиен градоначалникот на Чикаго, Антон Чермак.

Волас во 1972 година беше застрелан четири пати додека водеше кампања за демократската претседателска номинација. Пукањето се случило во трговски центар во Лорел, Мериленд. Тој доживотно беше парализиран.

Во септември 1975 година во рок од 17 дена претседателот Џералд Форд беше жртва на два обида за атентат во Калифорнија. Тој при двата напади беше неповреден.

Додека претседателот Роналд Реган беше застрелан во 1981 година откако го напуштил настанот во хотелот Хилтон во Вашингтон. Тешко ранет, во болница поминал 12 дена. Напаѓачот беше Џон Хинкли Џуниор ослободен е од затвор во 2022 година.

Во 2011 година маж од Ајдахо пукаше врз Белата куќа. Тој е обвинет за атентат врз тогашниот претседателк на САД, Барак Обама.

На 13 јули за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија пукано е врз поранешниот претседател Доналд Трамп, при што тој е повреден во десното уво.

Tags: АтентатипретседателиСАД
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Атентатот врз Трамп и убиството на Македонија

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk