Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари, информираат од Министерството за здравство.
„Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001.
Исто така, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот за време на отворениот ден, секоја среда од 13:30 16:00 часот“, се нагласува во соопштението од Министерството за здравство.