ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ангелов: Во гаснењето на пожарите ќе се вклучат и два романски авиони

July 17, 2024 09:08
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: ЦУК

Фото: ЦУК

Share on FacebookShare on Twitter

Кон пожарот на планината Серта, во неготинскиот дел, кај село Калањево испраќаме четири хеликоптери, од кои два наши армиски хеликоптери, еден полициски, а нив ќе им се придружи и еден црногорски хеликоптер. На територија на општина Гевгелија, над село Негорци испраќаме два словенечки хеликоптери, на територија на општина Ново Село, на планината Огражден, на самата бугарска граница испраќаме еден голем турски хеликоптер, како и еден голем српски хеликоптер, кој носи пет тона вода, изјави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Во видео изјава Ангелов информира дека утрово имал брифинг со пилотите на хеликоптерите кои полетуваат за да ги изгаснат пожарите ширум земјава.

Нешто подоцна, како што рече, ќе полетаат и сите „ер трактори“, три на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС и два турски „ер трактори“, заедно со хрватскиот канадер кон планината Серта, на територија на општина Штип, зад селото Драгоево.

– Ќе се обидеме денеска да воспоставиме контрола врз големиот пожар, кој повеќе денови гори на планината Серта. На сите места каде ќе дејствуваат воздухопловите на земја имаме противпожарни единици на кои во овој момент им се приклучуваат 100 војници од Армијата, како и 30-тина припадници на полицијата. Во 8:30 часот на аеродромот Петровец ќе слета авионот од Романија „Херкулец“, кој носи т.н. водни бомби од повеќе од пет тона. Заедно со него ќе слета уште еден авион, кој му служи како логостика, рече Ангелов.

Тој нагласи дека на територија на државава имаме уште неколку, како што рече, сериозни и опасни пожари  кои најверојатно ќе бараат воздушна поддршка. Тоа се пожарите на територија на општините Чашка, Долнени, Студеничани, Зелениково, пожар има и под врвот на Солунска глава, како и пожарот до Радовиш, за кој изрази надеж дека денеска ќе биде ставен под контрола.

Од ЦУК информираат дека во последното деноноќие имало вкупно 36 пожари на отворено, од кои утрово активни се 18.

Next Post
Скриншот

Годишни извештаи на собраниската Комисија за политички систем

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk