ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белата лага за пожарите

Новата власт не мора секогаш да им кажува на медиумите како да ги третираат пожарите во земјава. Уредниците во повеќето од нашите медиуми си имаат вграден, условен рефлекс како да се постават кон било што ќе го загрози раатлакот на Мицковата екипа

July 18, 2024 15:03
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Една недела, а можеби и повеќе помина откако серијата на пожари се рашири низ земјава, настани кои предизвикаа меѓународно внимание и заради барањето на помош во нивното гаснење од другите земји, пред сè, од соседството.

Дури на 18 јули на вестите на МТВ стигна на првото место во редоследот на прилозите што не соодветствува со приоритетот што одговорните го даваат на оваа опасност (опасности) со оценка на уредникот на вестите дека тешко совладливи огнени јазици на широки површини со опасност по населени места има на 13 географски точки. Мицковски мораше во тој редослед по долго време да падне на трето место во редоследот на значењето. Да се надеваме дека нема да летаат пердуви во редакцијата на националниот радио и телевизиски дифузер!?

На оваа ситуација во нашите медиуми веќе накусо неколку пати пишував белешки на мојот Фејсбук профил во слична насока. Па, треба ли граѓаните низ прозорец да се информираат за да видат дали им се приближува пожар, бидејќи и другите медиуми не ѝ даваат на ситуацијата достоен простор, загрозувајќи ја потребата граѓаните да знаат во која мерка и каде се ставени во немилост и што треба да преземат да се спасат себе и својот имот.

Не може да се рече дека проценка на власта – да бидам конкретен, оваа власт уште во времето додека беше опозиција – во рамките на својата повеќе од видлива моќ, поседува инструментариум да ги димензионира ситуациите по потреба. Таа моќ и сега одредува колкава ќе биде видлива за јавноста реалната опасност и колку се заканува со својата практична несовладливост во мигот. Па просто нема корелација со жестокоста на апелот со кој Скопје побара помош и ја доби од Загреб, Белград, Букурешт… Можеби ќе пропуштиме некого.

Што е белата лага? Па тоа е „пакување на лагата во шарен целофан, при што таа добива сосема друга димензија, прифатлива за оној кому му е упатена“. Оваа дефиниција е интересна бидејќи не го посочува само оној кој ја крие вистината, туку ни го предава и оној кој сака да биде измамен, кој не е сосема без соодговорност, па се добива пакт меѓу едните и другите, медиумите и нивните консументи!

Но, медиумското оддувување на пожарите е со цел да се намали одговорноста и способноста на оваа власт во адекватноста на одговорот на настаните на теренот (имавме, нели, дури и отсуство на градоначалникот на Неготино, човекот се одмарал во Грција, ама го заменувал неговиот сосед од Кавадарци!), сепак, фати некаков корен во јавноста! Не заради тоа што портпаролот Наум Стоилковски дава изјави против претходната власт (не сторила доволно за време на своето владеење за совладување на пожарите кои ќе дојдат во раатлакот посакуван од новите луѓе во органите задолжени за цревата).

Просто, уредниците во најголем дел од нашите медиуми имаат условен рефлекс како да не се допира во барањето на одговорност на партијата сместена во Палата Татарчев. Таа вкоренета навика се одразува дури и на интернет порталите (!), каде има сè и сешто, ама не за она што кај публикумот можеби му се случува пред очите.

Во други времиња, истите портали ќе измислуваа и ајкули во Вардар, а сега прават карти каде сè се почувствувал скопски земјотрес со силина од 2,1 степен во епицентарот, нудејќи сеизмографска карта каде шестарот е поставен така што досегнува и до Солун. Иако реално таков земјотрес нема теоретски шанси да се почувствува и во епицентарот. Просто, тоа е ноторна вистина за човековите сетила! Зошто тоа го прават медиумите кога веќе нема потреба ниту од ајкули, змии, мечки што нè навасале, туку треба да се погледне кон хоризонтот. Особено ноќе…

Запрашана за тоа дали нашите телевизии ја зборуваат вистината или лагата, новинарката-ветеран кога се работи за ТВ критиката Мери Билиќ во интервјуто за емисијата „Да сум јас некој“ одговара дека тие ја говорат белата лага. И дека доста рано се научиле на неа.

Што е белата лага? Па тоа е „пакување на лагата во шарен целофан, прри што таа добива сосема друга димензија, прифатлива за оној кому му е упатена“. Оваа дефиниција е интересна, бидејќи не го посочува само оној кој ја крие вистината, туку ни го предава и оној кој сака да биде измамен, кој не е сосема без соодговорност, па се добива пакт меѓу едните и другите, медиумите и нивните консументи!

Ете зошто никој не се труди да направи, логично нели, репортажа за тоа како огнот ја загрозува Битола, како е прекинат патот меѓу Штип и Неготино, како експлодираат бомби на полигонот Криволак, колкава е широчината на опожарените ридови на Огражден и одмерување и од око на направената штета…

А секако се сеќаваме сите какви репортажи од тој тип имаше кога се гаснеа пожарите во Малешевијата пред две години и кога исто така имаше голема интернационална помош, пред сè, на пожарникарите од Словенија. Тогаш, опозицијата, сега власт, се сеиреше и го говореше она што сега е просто еден вид на „општествен договор“ на прескокнување на реалните опасности.

Време за користење на белата лага.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од ЦИВИЛ МЕДИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вториот регистриран случај на западно-нилска треска е во Кочани, пациентот се заразил во Тунис

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk