ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коалиција ВЛЕН: ДУИ со лажен патриотизам, но со полни џебови!

July 19, 2024 09:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– На опозициската ДУИ и е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите!”Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на  бизнисот и граѓаните, особено Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби, истакнуваат од коалицијата ВЛЕН во соопштение.

„Коалицијата ВЛЕН нема да дозволи ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење. Нема да премолчуваме дека на ДУИ во опозиција и е полна устата со лажен патриотизам, откако си ги наполнија џебовите. Скандалите нема да дозволиме да се заборават. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати создаде сопствена империја, заради што американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција.

Назим Буши, заменик-МВР, заедно со неговиот син, се одмораше во суперлуксузните хотели во Турција каде едно ноќевање чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравиа за 20 милиони евра, а потоа беше овековечен како слави со огномет. Барлет Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правосудниот испит пред да дипломира, а потоа стана обвинител. Да не зборуваме за матните зделки со лотаријата и коцкањето во режија на Прпарим Бајрами и Артан Груби кои коцкањето го донесоа во домовите на граѓаните.

Очекуваме органите на прогонот да си ја завршат работата за која ги плаќаат граѓаните и да ја вратат довербата во владеењето на правото и еднаквоста пред законите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност.

Октоподот на криминалот и корупцијата Демократската унија за интеграција и нејзините сателити кои коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон.

ВЛЕН со професионални и чесни кадри во Владата посветено работи и се залага за рационално и економично трошење на народните пари.

Партиска Одмазда НЕ, но одговорност ДА!“, се наведува во соопштението на коалицијата ВЛЕН

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВЛЕНДУИ

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk