ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Советот на ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија за уште шест месеци

July 22, 2024 15:01
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на Одлуката за рестриктивните мерки на ЕУ поврзани со континуираните активности на Русија за дестабилизација на Украина, за дополнителни шест месеци до 31 јануари 2025 година.

Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година, по што беа значително проширени во февруари 2022 година како одговор на неиспровоцираната, неоправдана и незаконска воена агресија на Русија врз Украина.

Овие санкции се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки, како и забрана за увоз или трансфер на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, исклучување на неколку руски банки од меѓународниот СВИФТ систем и суспензија на активностите и дозволите на медиуми во Европската унија, кои се вклучени во кампањата на Кремљ за ширење дезинформации. Дополнително, со рамката се преведени и конкретните мерки што овозможуваат на ЕУ да се спротивстави со обидите за заобиколување на санкциите.

– Се додека незаконските активности на Руската Федерација продолжуваат да ја кршат забраната за употреба на сила, што е сериозно прекршување на обврските според меѓународното право, соодветно е да останат во сила сите мерки воведени од ЕУ и да се преземат дополнителни мерки, доколку е потребно, се вели во соопштението на Советот.

По руската окупација и анексија на Крим и Севастопол, Советот на ЕУ на 31 јули 2014 година усвои Одлука за рестриктивни мерки поврзани со континуираните активности на Русија за дестабилизација на Украина, која 24 февруари 2022 година беше проширена со дополнителни како одговор на руската инвазија врз Украина. Покрај економски санкции, мерките вклучуваат и ограничувања на економските односи со незаконски анектираните Крим и Севастопол и со украинските области Доњецк, Керсон, Луганск и Запорожје, кои се под контрола на руските сили.

Во своите заклучоци од 27 јуни 2024 година, Европскиот совет ја повтори својата континуирана поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и ја потврди непоколебливата посветеност на ЕУ за обезбедување континуирана политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка на Украина.

Next Post

Најмалку 37 Палестинци загинаа во израелското бомбардирање на Кан Јунис

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk