ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кампањата на Трамп поднесе жалба против Харис поради средствата за реизбор на Бајден

July 24, 2024 09:04
in ДЕНЕС, СВЕТ

Кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп синоќа поднесе жалба до Федералната изборна комисија, тврдејќи дека потпретседателката на САД, Камала Харис не може легално да бара средства собрани од кампањата за реизбор на претседателот Џо Бајден.

Претседателот на САД, Џо Бајден, 81-годишен демократ, кој беше во тесна трка со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп, ја поддржа Харис откога во неделата објави дека нема да се кандидира за втор претседателски мандат. Харис ја презеде контролата врз сметките за кампањата на Бајден и ги доби ветувањата на мнозинството делегати кои ќе го одредат претседателскиот кандидат на партиската конвенција следниот месец, соопшти нејзината кампања.

Борбата за банкарската сметка, на која имаше приближно 95 милиони долари на крајот на јуни, е дел од повеќекратните напори на републиканците да ја спречат Харис да стане лидер на демократската листа, јавија американски медиуми.

Кампањата на Трамп тврди дека Харис извршила „безобразна проневера“, се вели во пријавата на Дејвид Ворингтон, генералниот советник на кампањата. Во поднесокот , Ворингтон наведува дека Харис е во процес на извршување на, како што тврди, „најголемото прекршување на финансирањето на кампањата во американската историја“.

Кампањата на Камала Харис соопшти дека собрала 100 милиони долари од неделата. Нејзината кампања ја отфрли жалбата на Федералната изборна комисија.

Tags: избориСАДТрампХарис
Next Post

Германија ја забрани организацијата „Исламски центар Хамбург“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk