Русин, осомничен за „организирање настани што би можеле да доведат до дестабилизација за време на Олимписките игри“ во Париз, е обвинет и ставен во истражен притвор, соопшти париското обвинителство.
Судската истрага за „разузнавање со странска сила со цел предизвикување непријателства во Франција“, кривично дело казниво со 30 години затвор, беше отворена синоќа, соопштија обвинителите.
Во куќата на тој човек, „роден во мај 1984 година во Русија“, според обвинителството, биле откриени „елементи што укажуваат на неговата намера да организира настани што може да доведат до дестабилизација за време на Олимписките игри“.
Детали за природата на неговиот проект не беа соопштени, бидејќи случајот не му беше доверено на Државното обвинителство за антитероризам.