ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Комедии со коленици, промаи и слични глупости

July 25, 2024 10:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

ДПМНЕ, (со украденото име ВМРО), преку своите претставници, јавно прави комедии со коленици, промаи и слични глупости. Тоа е дружината која се напрчи на гласачки ливчиња и си начека коска за глодање. Тоа е нивното „развојно” портфолио, грабливото цивилизациско ниво. Ај што програмата со застарена терминологија им е препис од Грујо (Б. Јовановиќ) и воопшто немаат поим што прават, туку и баш им е гајле дека немаат поим што прават.

Ние се мамиме со нивнава трагедија – комедија: Како некои гладни за прва класа, ете, начекале да се возат во прва класа, на товар на народот, јасно. Но, тоа е само диверзија, димна завеса за да не гледаме како се одвива рушењето во социјалата, образованието, економијата и сѐ по ред и неред.

Мора да следиме на ЕНЕР, на сајтот на Собранието, по интервјуа и средби што „планираат”. Оти нивните „планови” се голи РУШЕЊА на нешто што функционира. На секоја најава по официјалните министерски сајтови за некакви измени веднаш се гледа не само немањето поим што прават, туку немаат поим што тековно постои, што функционира, како се прават анализи, како и каде се наоѓаат податоци за состојбата, како се проценуваат тие, како да се подобри постоечкото. Ако нешто не функционирало, докажи со бројки, со податоци, факти, а не измислици што заличуваат на факти.

Свесни дека следиме, се преправаат дека „работат”, прво со плукање на нешто што функционира, а потоа, од некакви матни „реакции” на насловена маса граѓани, си избиструваат некој тотално заостанат, туп, глуп и надминат правец – крив-лев, небаре новост, небаре генијална идеја што ним им текнала и божем ја напишале во програмата (главно – не, бидејќи е препис).

Таква простотија, неукост, тупавост може да се очекува само од дружина којашто чудо е како воопшто има способност за говор. А и жити говорот – лаги, гадости, неписменост, немам зборови. А тие, секогаш имаат, и тоа најотровните!

Тоа е можеби и проблемот со прогресивните сили: Реално е тешко да се обмисли вистински функционалното, корисното, прогресивното, затоа што е работа на иднината. Нема доволно зборови и цврсти концепти таму, затоа што тие допрва треба да се сфатат, заокружат, во тек на остварувањето. Додека, конзервативните и изгубенковците како ДПМНЕ кои мислат дека се конзервативни, смешни во сериозноста на позата на „центар-десно”, си верглаат стари, прастари, заостанати концепти и убаво застоени зборовни манџи. Старото се фаќа, оти е познато.

Макар што, нивното старо има и спајк протеини, мали шмукли кукички: Зборовите околу кои некогаш се вртеле цврсти концепти, од ДПМНЕ ги посипуваат со својата скрама од мувла и такви ги служат за појадок, ручек и вечера додека и сами не се претворите во мешунки од таа скрама!

ДПМНЕ е национален срам и веќе – национална трагедија…Чарето со ЕНЕР, не е баш не знам какво чаре, ама колку да се држи носот и устата над дпмнеовската септика… Ако не нѐ блокираат и таму.


Текстот е личен став. Преземено од Фејсбук профилот на Авторката.
Next Post

О'Брајан и Шаленберг разговараа за европската интеграција на Западен Балкан

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk