ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во неколку области во Франција се саботирани оптички мрежи на неколку телекомуникациски оператори

July 29, 2024 12:27
in ДЕНЕС, СВЕТ, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Оптички мрежи  на неколку телекомуникациски оператори се „саботирани“ во шест области на Франција, но Париз не е засегнат, соопшти француската полицијата денеска, јавува Ле Монд.

Инцидентот се случи три дена откако координираните дејствија на саботажа ги парализираа услугите на брзите возови неколку часа пред церемонијата на отворањето на Олимпијадата, попречувајќи го патувањето на стотици илјади луѓе.

Координираните напади ја парализираа мрежата на брзи возови во земјата минатиот петок, неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз. Активист кој припаѓа на ултралевичарското движење е уапсен поради саботажа, соопштија властите.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин за телевизијата Франс 2 изјави дека властите ја разгледуваат теоријата дека ултралевичарските движења стојат зад нападите во петокот. Француските служби „идентификувале одреден број профили кои можеле да ги извршат“ диверзантските дејствија, рече тој.

Тој рече дека „нападите биле намерни, многу прецизни, исклучително добро насочени“, додавајќи дека тоа е „традиционалниот начин на работа на ултра левицата“.

Прашањето е дали се изманипулирани или тоа е за нивна сметка“, рече тој.

Француските власти денеска соопштија дека уапсиле активист кој припаѓал на ултралевичарското движење на локација на националниот железнички оператор SNCF.

Според  Ле Монд, лицето е приведено во Ојсел во северна Франција во неделата и имаше клучеви за пристап до техничките простории на SNCF, алатки и литература поврзани со ултралевичарската партија, рече изворот, барајќи да остане анонимен.

До денеска наутро, сите брзи возови во Франција конечно повторно сообраќаа нормално, откако железничките инженери работеа деноноќно за да ја поправат штетата, изјави министерот за транспорт Патрис Вергриете. Трошоците за саботажата „многу веројатно“ ќе изнесуваат милиони евра, вклучително и „комерцијални загуби“ и „трошоци за поправка“, изјави министерот за радио РТЛ.

Каблите со оптички влакна што минуваат во близина на пругите и обезбедуваат пренос на безбедносни информации за возачите, како што се сигналните светла и точки, беа исечени и запалени во нападите на три од главните брзи TGV линии, на запад, север и источно од Франција.

Д. Т. / Цивил Медиа

Tags: оптички мрежиФранцијахибриден напад
Next Post

Се намалува цената на парното

НАЈНОВО

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор

August 24, 2025
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Мицкоски спроведува политика која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од речиси 700 милиони долари

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk