Третиот Македонец кој настапи на Олимпијадата во Париз, Еди Шерифовски не успеа да го помине првото коло на турнирот во Џудо.
Дваесет и двегодишниот Шерифовски (309 место на светската џудо ранг листа), претпладнево во категоријата – 81 килограм загуби со ипон (11:0) од Бразилецот Гилерме Шмит кој е рангиран на четвртото место во светот.
Претходно своите настапи на Игрите во Париз ги завршија и Никола Ѓуретановиќ во пливање и Мојсовска во стрелаштво.
Од македонските натпреварувачи, до крајот на Олимпијадата треба да се појават уште и: Милијана Релјиќ (таеквондо), Владимир Егоров (борње слободен стил) и Дарио Ивановски (атлетика, маратон).