ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Вархеји притиска статутот за Заедницата да оди итно пред Уставниот суд; ЕУ ги обесхрабрува српските граѓани во Косово; Албанското собрание го чека указот на Бегај за новите министри

July 30, 2024 11:41
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот комесар за соседство и политика за проширување, Оливер Вархеји, рече дека двете страни, Косово и Србија, во дијалогот се очекува да продолжат да работат во насока на одржливи напори, , почнувајќи од испраќањето на статутот за Заедниците во Уставниот суд на Косово, пренесуваат косовските медиуми.

За одлуката на Советот на ЕУ да ја укине либерализацијата на визите за српските граѓани кои живеат на Косово со нелегални српски пасоши, Владата на Косово  смета дека претставува повреда на суверенитетот на Косово.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Газета Експрес – Вархеји за дијалогот: Се очекува напредок во спроведувањето на обврските, почнувајќи од испраќање на статутот на Заедницата  до Уставниот суд

Европскиот комесар за соседство и политика за проширување, Оливер Вархеји, рече дека двете страни, Косово и Србија, во дијалогот се очекува да продолжат да работат во насока на одржливи напори за деескалација и напредок во спроведувањето на обврските, почнувајќи од испраќањето на статутот за Заедниците во Уставниот суд, пренесе Газета Експрес.

РТВ 21: Владата ја критикува ЕУ дека ги обесхрабрува српските граѓани на Косово!

Владата на Косово продолжи да ја критикува Европската унија по одлуката на Советот на ЕУ за либерализација на визите за граѓаните на косовските Срби кои поседуваат српски пасоши.

Според претставници на владејачката партија Ветевендосје, оваа одлука не само што е против уставот, туку влијае и на прашањето за безбедноста. Опозициските партии ја обвинуваат Владата дека склучила штетни договори со Србија преку кои и се дозволува на Србија да има влијание на Косово, пренесува РТВ 21.

За одлуката на Советот на ЕУ да ја укине либерализацијата на визите за српските граѓани кои живеат на Косово со нелегални српски пасоши, Владата на Косово  смета дека претставува повреда на суверенитетот на Косово.

Зери: Уште десет дена за пренамена на возачка дозвола за косовските Срби: Што тогаш?

Припадниците на српската заедница во Косово имаат уште десет дена да ги претворат своите возачки дозволи – кои беа издадени од српските власти – во оние издадени од косовските власти.

Доколку не го сторат тоа до 9 август, а полицијата ги запре додека возат, ќе се смета дека го управувале автомобилот без возачка дозвола, велат претставници на косовската полиција во неколку одговори за Радио Слободна Европа, пренесува Зери.

Од полицијата посочуваат дека согласно решенијата на Министерството за внатрешни работи на Косово, на овие лица ќе им бидат изречени парични казни со можност за одземање возила.

Висината на казните, според законот, е од 500 до 1.500 евра.

АЛБАНИЈА

Ора Њуз: Новите министри го чекаат указот на претседателот, Собранието попладнево заседава на посебна седница

По промените во владата, Собранието денеска заседава на посебна седница за да го изгласа новиот владин кабинет.

Бидејќи денеска се очекува претседателот да ги изгласа овие измени, попладнево во 18 часот ќе заседава Собранието, иако минатиот четврток и петок беше последната седница за оваа седница.

Пратениците ќе ги изгласаат овие измени во владата кои ги најави премиерот Еди Рама на Изборниот конгрес на СП во недела, пренесе Ора Њуз.

КОЛУМНА

Панорама: По Конгресот, Албанија е по оригинална од самата фикција

„Оригиналниот израз му припаѓа на Херман Мелвил, кога рекол дека: „Животот е почуден од фикцијата“.

Мајсторот на белетристиката добро го знаел значењето и затоа го земал како израз, иако неговиот колега Итало Свево го имал приспособено речиси на ист начин: „Верувам дека животот е многу пооригинален од она што можам да го измислам“. Оваа лузна на духот беше жива во последните часови по заслепувачкиот  Конгрес на социјалистите, на кој му недостига број.“, пишува авторот Бен Андони во колумната „По Конгресот, Албанија е по оригинална од самата фикција“, објавена во албанскиот дневник Панорама.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Кривичен суд: Судењето за убиството на Вања и Панче започнува на 4 септември

НАЈНОВО

Фото:МИА

Доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

October 23, 2025
Фото: Ви

Путин нареди зголемување на редовната руска армија на 1,5 милиони, во активна резерва се дополнителни 2 милиони

October 23, 2025

Убиени двајца новинари во руски напад врз Краматорск

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk