ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трендафилов од ССМ: Новата Влада без изговори да предвиди пари во буџетот за зголемување на платите

July 31, 2024 11:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Платите во јавниот сектор ќе растат по 15 проценти годишно во текот на наредните четири години и новата Влада треба да предвиди пари во буџетот, без изговори. Очекуваме зајакнување на капацитетите, да престане злоупотреба на вработените во јавниот сектор и да не се вработуваат партиски кадри. Во овој случај ќе ја имаат нашата поддршка, изјави денеска претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов, пред почеток на панел дискусијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Тој напомена дека на настанот очекува од министрите да потврдат дека ќе има услогласување на платите од септември, но и дополнително зголемување на платите во наредната година, согласно колективниот договор за јавен сектор.

-Тука сме денеска на настанот да слушнеме од министрите дека ќе ги зголемуваат платите, бидејќи без плата нема ни работа во државата. Очекуваме дека тоа што ќе го кажат и министрите ќе значи усогласување на платите од месец септември оваа година, како и дополнителното зголемување на платите во наредната година кое ќе се случи согласно општиот колективен договор за јавен сектор, рече Трендафилов.

Тој напомена дека како Синдикат ќе дадат поддршка, но доколку се реализираат овие работи. Во спротивно, напомена, подготвени се на други чекори.

-Ние работниците сме изморени да слушаме изговори од нивна страна и очекуваме тоа што ќе го кажат денеска ќе значи – зајакнување на капацитетите, престанување на злоупотребување на вработените во јавниот сектор, департизација на јавниот сектор, да не вработуваат нивни партиски кадри во наредниот период и да ја зголемуваат јавната администрација. Сметам дека ние како Синдикат ќе бидеме подготвени во овој процес. Нашата поддршка ќе ја имаат само доколку ги направат овие работи, во спротивно ние синдикатите сме подготвени на други непопуларни чекори, додаде Трендафилов.

Tags: платиССМТрендафилов
Next Post

Китановски: Пожарот што избувна вчера над градот Пехчево, е ставен под контрола

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk