ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп скандалозно продолжува со нападите врз расниот идентитет на Камала Харис

August 1, 2024 10:03
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател Доналд Трамп синоќа лажно тврдеше дека потпретседателката Камала Харис пред само неколку години „станала црна“, велејќи дека „одеднаш, направила пресврт“ во својот расен идентитет.

Тој изјави дека до неодамна таа го нагласувала своето азиско-американско потекло, а потоа одеднаш станала црнкинка. – Не знаев дека е црнкиња до пред неколку години кога одеднаш поцрне. Сега сака другите да ја доживуваат како црнкиња. Па сега не знам – дали е Индијка или е црнкиња?“ рече Трамп на конвенцијата на Националното здружение на црните новинари во Чикаго.

Харис е првата црна и азиско-американска потпретседателка. Мајката на Харис е Индијка, а таткото Јамајканец; и двајцата имигрирале во САД. Харис е родена во Оукланд, Калифорнија, и посетувала историски црн универзитет, Универзитетот Хауард, во Вашингтон. каде и се придружила на претежно црнечкото сестринство Алфа Капа Алфа.

Ова не е првпат Трамп да ги напаѓа своите противници врз основа на раса. Претходно тој лажно го обвини Барак Обама, првиот црн претседател, дека не е роден во САД. Исто така, ја нападна поранешната амбасадорка во ОН и неговата републиканска противкандидатка Ники Хејли, лажно тврдејќи дека таа не може да биде претседателка бидејќи нејзините родители не биле американски државјани кога се родила.

Во меѓувреме, Харис реагираше на изјавите на Трамп и изјави дека се работи за „веќе видена претстава“. – Американскиот народ заслужува подобро. Заслужуваме лидер кој разбира дека нашите разлики не не делат, туку се важен извор на нашата сила, изјави таа на состанокот на црнечкото сестринство Сигма Гама Ро во Хјустон, пренесува Би-Би-Си.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, издаде остар одговор на изјавите на Трамп, нарекувајќи ги „одвратни“ и „навредливи“, пренесува Си-Ен-Ен.

„Како личност од боја – како црна жена, која е на оваа позиција пред вас на оваа говорница, зад оваа платформа – она што тој го рече, она што ми го прочитавте мене, е одвратно. Тоа е навредливо, и, знаете, никој нема право да му каже некому кој е, како да се идентификува“, изјави Жан-Пјер на барањето на новинарите за коментар.

Tags: ТрампХарис
Next Post

Во текот на агресијата Русија уби 489 украински спортисти и тренери

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk