РИБАРО
– Шефе, морам да ти кажам нешто, ама немој да се лутиш. Говорот на Мечкин камен за Илинден ти беше тотална утка. Не само што не го испочитува – Денот на Републиката, најголемиот национален празник, туку го узурпираше партиски. Се изнаприкажа на почеток за единство, обединување, па после се изнарасфрла со флоскули за неистомислениците дека се предавници, изроди, па велиш „национално предавство“ и што ти јас знам. Мене ако ме прашаш тој што те посоветувал да го направиш тоа, многу те заебал. Реакциите на јавноста се – што да ти кажам, се осмелил еден од ветераните на вмро да му сугерира на Мицкоски, дознава АХА.
– Види брат, ти ги почитувам годините и искуството, ама не го земаш во предвид фактот што токму таквата реторика нè донесе на власт. Народот, оние 450 илјадарки слепци што нè гласаа тоа и го очекуваат. Така да, ај терај си, не ми паламуди и гледај да не ми се најдеш друг пат на патот.
– Ок, ама виде каква брука не задеси, човек жив немаше освен партиските бајрактари и викачи кои ги плаќаме. Ќе ни дојде крајот со вакво однесување, не е слеп народот, му вратил ветеранот на газда Мицкоски, дознава АХА.
– Крајот е онаму каде што ќе кажам јас. Сега да има избори, како што кажав и во последното интервју, над 450 илјадарки ќе тераме. Си го знам јас народот ич да не се секираш, истакнал Мицкоски, си ја поднаместил кокардата и го збоднал магарето во правец Москва преку Будимпешта.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK