ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што ќе ја дестабилизира државата – протести на опозициска партија или претворање на Северна Македонија во европски „оф-шор”?

August 7, 2024 16:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Што ќе ја дестабилизира државата – протести на опозициска партија или претворање на Северна Македонија во европски “оф-шор”?

1. Второто, секако. Затоа премиерот и провладините медиуми секој ден зборуваат за „дестабилизација на земјата” обидувајќи се однапред да превенира протести.

Но само еднаш зборуваше за преполовување на данокот на профит за фирмите кои ќе консолидираат 50 милиони евра добивка.

Со оглед на фактот што оваа мерка не се применува за компаниите вон развојните зони, Владата:

– нуди решение по мерка на најбогатите (партиски и програмски легитимно),

– цели кон помал зафат од поголем резервоар обврзници (прашално одржливо), но

– не поттикнува реиндустријализација ниту зголемување на (опфатот на работна сила во) производството (јасно штетно).

2. Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ, заплашувајќи со опасност од „белгиски модел” за државното уредување – нуди „кипарски модел” на економија односно – голем „оф-шор” во срцето на Балканот.

Нужно е да предупредиме дека кипарскиот економски модел природно води кон – кипарски политички модел, со краен ефект фактичка поделба на земјата.

3. Тоа е последниот удар по унитарноста на Северна Македонија. Да не заборавиме дека унитарноста е потреба на Македонците постојано уважувана од АСНОМ 1944 преку Уставот од 1991 и со Рамковниот договор – и од Албанците и од Турците, Бошњаците, Ромите, Власите, Србите… Еѓипќанците, Бугарите, Хрватите, Торбешите, Црногорците, Словенците… во Северна Македонија.

Унитарност што и со оваа политика на Владата (види “чудо”, повторно) на ВМРО-ДПМНЕ е под удар на концептот за територија во која “Република Илирида” и “Република Македонска” се поделени со коридорот на Будимпешта, Белград и Бањалука до Егејското Море (од интерес на кинескиот “пат на свилата”).

4. Домашната југо-коморска тајкунерија го бранеше овој концепт преку Владата на ВМРО-ДПМНЕ 2006-17 низ држењето на ПЈРМ вон НАТО без решен спор за името. Тоа заврши со Преспанскиот договор.

Концептот сега го брани низ саботирање на Коридорот 8 во Северна Македонија со сето негово економско, транспортно и одбранбено-безбедносно значење и

преселувањето на приоритетот кон “брзата пруга” по коридорот 10 низ ставовите на Владата на Мицкоски. Вклучително спротивставување на Дополнителниот протокол за спречување на преговорите за ЕУ-членство.

5. Да резимираме – ова им одговара на сите иматели на “црни пари” кои потенцијално ќе го “консолидираат капиталот овде” и ќе ги исперат по оданочување. Од 5%.

За да влезе во ЕУ, макар и вака поделен, Кипар мораше да се откаже од економијата втемелена на чување на парите на пост-советските, источноевропските и екс-југословенските тајкуни и сите нивни “перални” низ фирми за консалтинг, игри на среќа и слични “услужни дејности”, за потоа да се оплодуваат и легализираат низ градежништво и енергетика на пр.

Обидот е сега тие да се вратат на тло на РСМ, земјата-кандидат за членство во ЕУ и од тука да метастазираат низ Европа.

За да ја сфатиме опасноста по Северна Македонија, доволно е да се потсетиме каков потрес предизвика обидот за движење на само десетина милиони евра венецуелски пари низ “Евростандард”.

Со сето ова во вид, опасноста по државното уредување не потекнува од опозицијата, туку од власта.


Текстот е личен став. Преземено до фб профилиот на Авторот
Next Post

Македонската таеквондистка Рељиќ ја доби олимписката шампионка за противничка во првото коло

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk