Македонската таеквондистка Мила Рељиќ во првото коло на Олимпискиот турнир во Париз, ја победи двојната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.
Конечниот резултат од денешната борба е 7:6 за Рељиќ. Македонката се пласира во четвртфиналето категорија до 57 килограми.
Хајлајтс од првата борба на Рељиќ. pic.twitter.com/V7k4ItQe4N
— Руи (@riste_g) August 8, 2024
– Британката Џеј Џојсон е олимписка шампионка и носителка на многу медали од големи натпреварувања, но тоа не ме обесхрабрува, ми дава уште поголем мотив да ја победам, па да стигнам и до медал, изјави македонската таеквондистка пред мечот со Џонс.
Со оваа победа, Рељиќ обезбеди четвртфинале.
Следува борбата против Летиција Ајуд од Либан денеска во 15.45 часот.