Украина има право да се брани и на нејзината територија и надвор од неа, изјави денеска шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон, цитиран од британските медиуми, пренесе МИА.
Тој го изјави ова во коментар за украинската воена операција во руската област Курск.
-Шведска, која е членка на НАТО, не била однапред информирана за плановите на Украина, рече Јонсон.