ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Горат македонските шуми, пожарникарите веќе 38 ден се без одмор, СДСМ бара оставки, Мицкоски вели нема да е исто како во 2021 година

August 16, 2024 08:51
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата со пожарите на отворен простор продолжува. Пожарникарите веќе 38 ден се без одмор и според информациите на Центарот за управување со кризи, последен ден без ниту еден активен пожар на територијата на државата е 8 јули. Само во август биле изгаснати 370 пожари на отворен простор низ целата држава.

Вчера во попладневните часови започнаа четири нови шумски пожари. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов соопшти дека пожари избувнале во Ресен и Охрид на Галичица, на планината Лубин кај селото Цер, во месноста викана Клепало, Беровско и во месноста викано Чупино Брдо кај кривопаланечкото село Луке.

Од вчера во справувањето со пожарите повторно е вклучена и Армијата, додека на двапати беше активиран и ЕУ-механизмот за помош. Пожарникари, авиони, ер-трактори и опрема испратија Германија, Унгарија, Кипар, Словенија и Србија.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите. Одлуката, како што информира од претседателскиот кабинет, е согласно Законот за управување со кризи, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.

Премиерот Христијан Мицкоски, порача дека нема да се случи сценариото со пожарите од 2021, кога дрвја од Малешевијата и Пијанец завршија во стоваришта и најави законски измени.

– Овој пат тоа нема да се случи, еве го имате мојот збор. Вие со право правите ремисценција на пожарите од 2021 година посебно во делот на Малешевијата и Пијанец што завршија во некои од стовариштата и со право имате грижа и ја оправдувам, но, во овој случај тоа нема да се случи, одговори Мицкоски на новинарско прашање, кога Владата ќе донесе одлука или законски измени со што ќе се забрани сечата на уништените дрвја од пожарите оваа година.

Мицкоски вели дека има закон што е функционален и со дивата сеча, но и со регуларната и тоа се планови што ги прави ЈП „Национални шуми“.

-Тоа што тоа претпријатие беше оставено 4-5 месеци да не добиваат плата вработените, тоа е еден проблем што со ребалансот го решивме. Вториот проблем, тоа што таму по систематизација треба да имате околу 400-500 дрвосечачи, а таму реално оперативни немате ни 30, бидејќи сите оние кои треба да бидат дрвосечачи, во меѓувреме станале администрација. Тоа е втор проблем што новото раководство и директорот го имаат како проблем со што треба да се занимаваат. Трет проблем е што сето она што треба да биде логистика, посебно во процесот на справување со пожарите како што се хеликоптери, летала, опрема што е потребна не постоела и 10 јули кога почна сето ова, ние буквално во тој момент немавме оперативни летала, не само воздухоплови, туку и хеликоптери и луѓе кои нив ќе ги управуваат, бидејќи беа во пензија, посочи премиерот.

На последната седница на Владата, повтори Мицкоски, донесена е одлука за парична помош, „односно за вонреден трансфер на средства потребни за гаснење на пожарите до ЦУК околу 10,5 милиони денари и до Дирекцијата за заштита и спасување 41 милион денари.

Од опозициската СДСМ побараа итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за, како што велат, потфрлањето со пожарите во кои изгоре пет отсто од територијата на државата.

-Тажно е да се гледа катастрофата што се случува со пожарите кои беснеат повеќе од еден месец. Опустошени се 5% од вкупната територија на Македонија! Горат македонските шуми и национални паркови. Досега се изгорени над 1.200 километри квадратни шума. Тоа е 16 пати повеќе во споредба со лани! Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пофтли целосно во справувањето со пожарите и за тоа мора да има одговорност. СДСМ неколку пати апелира дека Тошковски е целосно неспособен да управува со Кризниот штаб и тој мора да поднесе оставка, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Од 15 јули годинава на сила е целосна забрана за движење во шумите од 06 до 20 часот. Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, забраната ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален.

Оттаму велат дека по барање на „Национални шуми“ е дадена согласност за целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

– Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат, велат од ресорното Министерство.

За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе бидат затекнати  ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Според информациите од ЦУК, на 8 јули информираше дека во последното деноноќие (на 7 јули) имало 11 пожари на отворено  и дека сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема. Во соопштението, ЦУК упатува апел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и кога е се посува вегетацијата во природата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскипожарСДСМ
Next Post

Почнува 36. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“

НАЈНОВО

Макрон: Мирот во Израел, Газа и регионот станува можен

October 13, 2025

Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

October 13, 2025

Нетанјаху, по наговор на Трамп, го прифати повикот на египетскиот претседател за учество на мировниот Самит за Газа

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk