Најмалку седумнаесет лица се повредени денеска во земјотресот со јачина од 4,8 степени во градот Саламија, во западна Сирија, јавија светските агенции, повикувајќи се на сириска новинска агенција.
Германскиот Истражувачки центар за геонауки претходно соопшти дека земјотресот се случил на границата меѓу Сирија и Јордан.
Земјотресот, кој се почувствувал и во Либан, бил на длабочина од 10 километри.
Во земјотрес со јачина од 4,8 степени, што на 12 август го погоди западниот сириски град Хама, беа повредени десетици луѓе.