ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(ВИДЕО) Јон Ајди го издаде првиот студиски албум „GHOSTS“ именуван по најновиот сингл

August 20, 2024 10:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, МАГАЗИН, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со најновиот сингл „Ghosts“, Јон го издаде и првиот истоименуван студиски албум, со што заокружи една етапа од својата кариера. Албумот содржи песни од почетоците на неговата кариера и претставува своевидно животно патување низ последните 6 години. Секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот.

Во прилог на објавата Јон одговори на неколку прашања:

Што ја прави твојата музика различна?
– Секој музичар е различен, а тоа не е по избор. Тоа е нешто што го носиме во себе како код кој ја дефинира нашата креативност и нè тера да создаваме уметнички дела кои се единствени. Мојата музика би ја ставил воинди-поп  жанр со најголемо влијанија од кантри и блуз. Вообичаено, но не секогаш, придружено со акустична гитара и текстови кои се многу лични за мене.

Зошто твојата музика е посебна за тебе? Што направи таа за тебе?
– Волјата и потребата да создавам своја музика се пројави веднаш штом почнав да учам да свирам гитара и ова го паметам многу вивидно. Не сум сигурен како и зошто ми дојде, но знам дека кога научив некои од основните акорди, се обидов да правам верзии на мелодии кои беа мои. Свирењето музика и нејзиното создавање има многу медитативни квалитети за мене. Но, тоа е и начин да разговарам со светот и да ги споделам моите приказни и мисли.

Кој/што најмногу влијаеше на твојата креативност?
– Она што мислам дека најмногу влијаеше на мојата музика е музиката што ја слушав во автомобил како дете со моето семејство. Како семејство, ние сме големи љубители на музиката, па ако не свири радио станица, тогаш сигурно вртат ЦД-ата на Битлси, Мус, Леонард Коен, U2, Франц Фердинанд и многу други музичари и бендови.

Бидејќи имаш толку многу необјавени песни, може ли да ни кажеш како одлучи кои песни ќе се најдат на твојот прв албум?
– Изборот на песни кои ќе се најдат на мојот прв албум воопшто не беше лесен. Се обидов да ја вклучам и публиката во изборот што се покажа многу продуктивно и тоа ми помогна. Но, на крајот се сведе на тоа кои песни најдобро се вклопуваат во идејата за албумот, како и чувството на создавање на уметност во моментот. Сакав да има тек и музичка приказна. Горд сум на песните и воопшто на албумот. Многу сум возбуден за лансирањето на истиот како пакет од овие парчиња музика.

Која песна би рекол дека најдобро ја опишува твојата душа?
– Мислам дека сите песни ме опишуваат. Тоа сум само јас во различни периоди од мојот живот и кариера. Мислам дека тоа е она што го прави овој албум посебен. Содржи животно патување од 5-6 години. Се надевам дека тоа е нешто што публиката ќе може да го слушне и да го препознае, а тоа и ја зголемува вредноста на албумот.

Кои се твоите идни планови?
– Моите планови се веќе во движење. Го снимам мојот следен албум и се подготвувам за турнеи во Македонија, но и во странство. Едвај чекам преку музика да ги споделам моите животни приказни и искуства со светот.

Yon Idy е уметничкото име на Јон Ајдини, роден во Скопје, во 1995 година. Неговата музика се емитува на радио станици низ светот, како во САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово итн.
До сега има учествувано на Sunny Hill Festival во Приштина, Live at Heart во Шведска, како и на националниот натпревар за Песна на Евровизија, каде ја изведе „Dreams“.
Многумина велат дека помислиле дека слушаат странска песна кога прв пат го слушнале Јон, бидејќи неговиот глас е карактеристичен, пее на англиски, а музката е несекојдневна за нашето поднебје. Веќе има воспоставено соработка со реномирано студио од Бугарија од каде очекуваме три нови песни во скоро време. Воедно, има покани за учество на неколку светски фестивали, па следниов период ќе биде многу ангажиран околу настапи и патувања.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: GHOSTSЈон Ајди

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk