Војската на Израел (ИДФ) соопшти дека пронашла тела на шестмина заложници во операција во текот на ноќта во Газа.
„Телата на заложниците беа спасени од областа Кан Јунис во Газа. Тие беа киднапирани од Хамас на 7 октомври. Операцијата за спасување беше овозможена со прецизни разузнавачки информации од ИСА, разузнавачките единици и штабот за заложници на Дирекцијата за разузнавање на ИДФ. Ќе продолжиме да работиме за да ги вратиме сите преостанати заложници дома. Нашите срца се со семејствата на овие жртви на тероризмот на Хамас“, се вели во објавата на ИДФ на Х.
Yagev Buchshtab, Alexander Dancyg, Avraham Munder, Yoram Metzger, Nadav Popplewell and Haim Perry’s bodies were rescued from the Khan Yunis area in Gaza. They were abducted by Hamas on Oct. 7.
The rescue operation was enabled by precise intelligence from the ISA, intelligence… pic.twitter.com/SNIOlxHH1G
— Israel Defense Forces (@IDF) August 20, 2024
Соопштението на ИДФ е објавено во момент кога американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика Хамас да се согласи со предлогот за прекин на огнот во Газа, откако доби поддршка од Израел.
Зборувајќи по состанокот со израелскиот премиер, Блинкен рече дека израелскиот Бенјамин Нетанјаху се согласил со предлогот – што ќе доведе до прекин на огнот и враќање на израелските заложници.