Тејлор Свифт сподели изјава на социјалните мрежи во која го коментираше спречениот терористички напад што доведе до откажување на три концерти од Ерас турнејата во Виена, Австрија претходно овој месец, пренесува Си-Ен-Ен.
„Причината за откажувањата ме исполни со ново чувство на страв и огромна вина бидејќи толку многу луѓе планираа да дојдат на тие шоуа. Но, исто така, бев многу благодарна на властите затоа што благодарение на нив тагувавме по концерти, а не по животи“, напиша Свифт.
„Бев охрабрен од љубовта и единството што ги видов кај фановите кои се здружија. Решив дека целата моја енергија мора да ја насочи кон помагање во заштитата на речиси половина милион луѓе што доаѓаа да ги гледаат претставите во Лондон“, продолжи таа. „Мојот тим и јас работевме рака под рака со персоналот на стадионот и британските власти во остварување на таа цел, и сакам да им се заблагодарам за се што направија за нас“.
Свифт штотуку ја заврши серијата концерти на стадионот Вембли во Лондон и европскиот дел од нејзината турнеја. На 7 август, австриските власти објавија дека спречиле терористички напад планиран за најмалку еден од датумите во Виена.
Што се однесува до тајмингот на изјавата на Свифт, таа напиша: „Нема да зборувам за нешто јавно ако мислам дека тоа би можело да ги испровоцира оние кои би сакале да им наштетат на фановите кои доаѓаат на моите настапи. Во случаи како овој, „молчењето“ всушност покажува воздржаност и чекање да се изразите во моментот кога е правилно. Мојот приоритет беше безбедно да ја завршиме нашата европска турнеја и со големо олеснување можам да кажам дека го направивме тоа“.
Тројца тинејџери се приведени во врска со истрагата и се осомничени дека подготвувале самоубиствен напад.
Поврзано:
Kанцеларoт Нехамер за планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена: Спречивме трагедија