ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Затвореник кој бил во бегство се сомничи дека бил инволвиран во убиството кај ТЦ „Мавровка“

August 22, 2024 15:28
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода едно лице за кое постои сомнение дека било инволвирано во убиството кај Трговскиот центар „Мавровка“. Станува збор за затвореник кој бил во бегство од КПУ Затвор – Скопје.

Како што информираат од Обвинителството во тек се вештачења на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот, а осомничениот е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување.

– Со оглед на тоа што приведениот е осудено лице за друго кривично дело и бил во бегство од КПУ Затвор – Скопје врз основа на издадената потерница и по консултација со јавен обвинител, тој денеска е вратен во затворот со максимални мерки за обезбедување, стои во соопштението.

За овој настан, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поведе истрага против едно лице, кое се гони за кривични дела – убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје и на кое по предлог на јавниот обвинител му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Претходно, пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во интервју за ТВ 21 за убиството кое се случи кај Трговскиот центар „Мавровка“ оцени дека е симптоматично тоа што МВР не ги објавило иницијалите на двете уапсени лица ниту, пак, на третиот осомничен за случајот по кој полицијата и натаму трага.

„Дали МВР не ги соопштува иницијалите на уапсените ниту на тој по којшто се трага затоа што можеби тоа се луѓе кои се затвореници и кои наместо да бидат во затвор се на улица, а по кои МВР имало распишано потерница, но по повеќе од 30 дена не можеле да ги најдат. За жал, требаше да се случи убиство во центарот на Скопје за едниот од нив да биде приведен, а за другиот допрва да се организира акција за негово пронаоѓање“, – рече Петровска.

После тоа од МВР излегоа со соопштение каде велат дека по преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови бил фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје.

– Веднаш потоа, од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје беа извршени увиди на местата, беа извршени разговори со сведоци како и претреси во домови на неколку локации, беа прегледани видео записи и беше извршена претрага на терен за обезбедување на материјални докази како што се возила, пиштол, чаури и други одземени предмети. Од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР извршено е вештачење на чаури и пиштол со кое вештачење се поврзуваат двете кривични дела со сторителот Е.К., стои во соопштението од МВР.

За второто лице кое беше лишено од слобода, од МВР велат дека до овој момент не е утврдена поврзаност со настанот и е ослободен, а се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање и на уште едно инволвирано лице за кое постои сомневање дека помагало во извршувањето на кривичното дело „убиство“.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

Петровска: Дали МВР не ги соопштува иницијалите на убијците кај Мавровка бидејќи биле криминалци барани со потерница?

Tags: Мавровкаубиство
Next Post

Славески: Советничките групи ќе поддржат дополнителни вработувања во „Комунална хигиена“ и средства за поправка на 30 автобуси на ЈСП

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk