ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Влијанието на климатските промени врз плановите за летен одмор: Поради високи температури туризмот на Медитеранот пред предизвици

August 26, 2024 13:29
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени претставуваат значителни предизвици за туристичката индустрија во Медитеранот. Како што температурите растат и екстремните временски настани стануваат се почести, и однесувањето на туристите и атрактивноста на дестинациите најверојатно ќе се променат. Неопходно е самите дестинации да се прилагодат на овие промени, обезбедувајќи тие да останат атрактивни и во исто време да ги заштитат уникатните средини кои привлекуваат милиони посетители секоја година, односно туристичката индустрија која игра клучна улога во економијата на регионот, се вели во прилогот на EuroNews.

Како климатските промени ќе влијаат на туризмот?

Медитеранот доживува забележителен пораст на просечните температури, а проекциите сугерираат дека тие би можеле да се зголемат за два до четири степени Целзиусови до крајот на 21 век, покажуваат податоците на Европската агенција за животна средина од пред неколку години. Ваквото зголемување на температурата веројатно ќе доведе до неколку негативни последици по туризмот, но и подолги и подолги топлотни бранови.

За жал, летово во Грција се забележани неколку смртни случаи меѓу туристи поради топлотен удар, а меѓу нив е и случајот со познатиот британски радио и ТВ водител Мајкл Мозли, кој беше пронајден мртов на грчкиот остров Сими. Според пишувањата на грчките медиуми, некои луѓе биле пронајдени во бессознание на плажите и хотелите, а во некои случаи итните служби едвај успеале навреме да пружат помош. Грчката влада, свесна за ситуацијата, на почетокот на летото издаде предупредување за екстремни временски услови, советувајќи ги туристите да избегнуваат активности на отворено во најтоплиот дел од денот.

Зголемувањето на температурите може да ги направи летните патувања во Медитеранот непријатни за многу туристи, особено за време на шпицот на сезоната. Земјите како Шпанија, Италија и Грција дури би можеле да се соочат со намален број туристи во годините што доаѓаат.

Како климатските промени ќе влијаат на туризмот?

Дополнително, со повисоки температури, достапноста на вода ќе биде зголемена загриженост. Клучните туристички дестинации зависат од соодветното снабдување со вода и за жителите и за посетителите, што можеше да се види летово на Халкидики, каде што недостигот беше вообичаен во некои области за време на шпицот на сезоната.

Недостигот на вода во годините што доаѓаат може да доведе и до повисоки цени на туристичките услуги и намален квалитет на искуството.

Исто така, во опасност се уникатните екосистеми на Медитеранот, кои секоја година привлекуваат милиони посетители. Киселоста на морето и зголемувањето на температурата на водата го загрозуваат морскиот живот и влијаат на различни активности кои во моментов се практикуваат.

Дали туристите менуваат дестинации?

Веќе има пад од 10 отсто на бројот на луѓе кои планирале да го посетат Медитеранот во периодот од јуни до ноември минатата година поради високите температури, соопшти тогаш Европската комисија за патувања. Во извештајот се наведува дека туристите наместо тоа размислуваат за патувања во Чешка, Данска, Ирска и Бугарија.

А неодамнешните студии укажуваат на промена во однесувањето на туристите како одговор на високите температури. Според извештајот на Светската туристичка организација на ОН за 2022 година, речиси 70 отсто од патниците изразиле поголема загриженост за влијанието на климатските промени врз нивните планови за патување. Особено, патниците почнуваат да ги преиспитуваат своите дестинации се повеќе и повеќе во текот на летните месеци.

На пример, сè повеќе патници претпочитаат северна Европа или области со поблага клима во екот на сезоната. Истражувањето спроведено од водечка туристичка агенција откри дека повеќе од 30 отсто од испитаниците размислуваат за алтернативи на традиционалните медитерански дестинации поради очекуваните горештини, објави минатата година „Travel Weekly“.

Популарните градови како Барселона, Рим и Атина може да забележат благ пад на посетителите, додека постудените региони стануваат поатрактивни.

Што велат научниците?

Научниците предупредуваат дека ситуацијата е итна. Според климатските истражувања од различни институции, вклучувајќи го и Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), Медитеранот е еден од регионите најмногу погодени од климатските промени. Истражувањата покажуваат дека без значителна интервенција за намалување на емисиите на стакленички гасови, Медитеранот би можел да се соочи, пред сè, со зголемена фреквенција на екстремни временски настани.

Се предвидува зголемување на топлотните бранови, суши и бури, се вели во гореспоменатиот извештај на IPCC од 2021 година. Овие настани може да ги нарушат плановите за патување, да ја оштетат инфраструктурата и да предизвикаат финансиски загуби во туристичкиот сектор.

Климатските промени може да влијаат и на долгорочните промени во моделите на посетителите. Истражувачите предвидуваат дека доколку продолжат климатските трендови, Медитеранот би можел да се соочи со долгорочен пад на туризмот бидејќи климата станува понеповолна за традиционалните летни одмори.

Научниците во написот објавен во „International Journal of Tourism Research“ ја нагласија потребата регионите кои се потпираат на туризмот да развијат флексибилни стратегии. Ова вклучува диверзификација на туристичката понуда, инвестирање во одржливи практики и подобрување на отпорноста на инфраструктурата на екстремни временски услови.

 Извор: EuroNews

Преземенo: Грин Цивил

Next Post

Северина: Никогаш повеќе нема да дојдам во Србија додека овој човек не си замине од власт, сите знаеме кој е

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk