ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

August 27, 2024 17:55
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Клубот на новинари се одржа комеморација во чест на починатиот колега Саше Димовски. Покрај неговото семејство, присутни беа колеги од различни медиуми, судии, обвинители и пријатели. За неговите професионални и лични придонеси во новинарската фела зборуваа Васко Маглешов, Младен Чадиковски, Убавка Јаневска, Ленче Здравкин, Аслан Вишко и Огнен Јанески. Во рамките на комеморацијата, харфистката Мерсиха Шукри имаше музичка посвета во чест на колегата Саше.

Говорниците се осврнаа на почетоците и развојот на професионалната кариера, нагласувајќи го неговиот посветен пристап кон работата и непоколебливата заложба за откривање и пренесување на вистината. Неговата работа беше обележана со уникатен новинарски пристап, што го направи пример за многу млади новинари и колеги.

Како долгогодишен член на ЗНМ и претседател на Советот на честа при Здружението, Димовски значително придонесе кон зајакнување на професионалните стандарди и интегритетот на новинарската професија во Македонија, особено преку неговиот, како што истакнаа и колегите  „професионален рендген за најтемните ќошиња од секторот правда“. Под негово водство, Советот на честа при ЗНМ постигна значителен напредок во унапредувањето на етичките норми и заштитата на новинарските права, оставајќи  наследство кое ќе продолжи да влијае врз идните генерации новинари. Следствено, на комеморацијата се даде и идејата во иднина да се востанови награда за истражување во правосудството, која би го носела неговото име.

ЗНМ изразува длабока благодарност и почит кон Саше Димовски за неговиот неизмерлив придонес и посветеност кон новинарството и организацијата, како и на платформата Јасно.мк. Неговата професионалност, етика и ангажман ќе останат запаметени и ќе служат како инспирација за сите кои ја продолжуваат неговата мисија за објективно и одговорно информирање на јавноста.

Саше Димовски работеше како новинар од 1996 година. Работниот век го мина во бројни  телевизии „Канал 5“, „Сител“, „Алфа ТВ“, ТВ „24 Вести“ како и во неделникот и дневниот весник „Фокус“ на позиција новинар и уредник. Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми. Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот СВЕДОК од 2015 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk