ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Љутков: Формирана е работна група за случајот со „злоупотребите“ од службената картичка; Костадиновска вели се обидуваат да ме извалкаат со лаги

August 27, 2024 13:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жал ми е што претходната министерка за култура се дрзна да излезе и да ги негира наводите за злоупотреба на буџетски пари, бидејќи со ова ја негира институцијата со која раководела. Има премногу злоупотреби не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции. Полека ќе излегуваат на виделина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој за време на неговата посета во НУБ „Св. Климент Охридски“, одговорајќи на новинарско прашање во врска со наводните злоупотреби на буџетски пари од претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на службени патувања, потенцираше дека е формирана работна група која работи на овој случај. Има извештај што и како е трошено.

– Формирана е работна група. Како министер за култура и туризам кога стапувам на позиција, барам отчетност од тоа што се работело во претходните години. Побарав отчетност во претходните две и пол години додека била таа министерка, бидејќи преземам функција, сакам да знам каква е состојбата. Имам направено многу работни групи, кои што работат на многу процеси, рече Љутков.

Една работна група е, како што посочи, да се откочат процесите во заштитата на културното наследство, бидејќи постоеле средства што не се трошеле. Според министерот, тешки последици може да има по одредени процеси кои што ги преземала министерката во последните две и пол години.

– Зошто тоа не се трошело? Зошто не се распишувале тендери? Тоа е страшно, ќе се појавам на посебна прес-конференција да откријам страшни работи во делот на нејзиното работење, но работните групи полека ги испитуваат случаите и го испитуваат случајот со трошењето на службената картица. Таму има извештај што е трошено и како е трошено. Како таа ја негира работната група, кога работела со тие луѓе. Тие луѓе со кои соработувала министерката се потпишани на извештајот и се дел од работната група, рече Љутков.

Како што посочи, она што го презентира ВМРО-ДПМНЕ, е само дел од информациите со коишто располагаат.

– Има премногу злоупотреби, не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции, додаде Љутков.

Вчера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја извалка со лаги. Лефков нека дојде со копија од мојата службена картичка рече поранешната Министерка

– Да, купив нови куфери од сопствена сметка и основни средства за службеното патување за да можам да патувам и да учествувам на состаноците во момент кога останав без багаж при патувањето во Лондон. Остантиот дел е тешка манипулација и целосна невистина. Вака денеска поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека трошела пари од службената картичка за лични потреби.

На прес-конференција во партискиот штаб, Костадиновска Стојчевска напомена дека дел од трошоците што ги презентирал Миле Лефков, се однесуваат на нужност таа да обезбеди основни услови за нејзино нормално функционирање на службено патување по лет на кој авиокомпанијата и го изгубила багажот.

Потврди и дека сите трошења за нејзините лични потреби биле реализирани исклучиво од нејзината лична, приватна сметка, а сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани од службена картичка, исклучиво согласно актуелните правилници и норми.

Костадиновска Стојчевска го повика Лефков од ВМРО-ДПМНЕ јавно да се соочат, преку некој од медиумите. Ако се утврди криминал во нејзиното работење, рече, ќе одговара пред кој било судија, но ако се докаже спротивното, ќе покрене, како што најави, тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

-Одвратно е ова што го прават ама нема да паднам на нивното ниво. Тие нека продолжат со лаги, а јас со вистина. Не најдоа никако да ме оцрнат, не им се допадна извештајот од ДЗР за моето работење, не им се допадна што никој не може да го „стигне” трошењето на Бети, па нејзините две другарки денови поминале на гугл да наоѓаат места низ светот и да фалсификуваат сметки. Дали ова е страв од тоа што предметот за нивната омилена министерка уште не е затворен, па ги фатило паника кога пред неколку дена добиле барање од ОЈО да ги предадат извештаите од нејзините три службени картички? Дали им е страв дека ќе се види таму вистинскиот шопинг од 30.000 евра во Италија?, истакна Костадиновска Стојчевска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ се мајстори за изнесување лаги.

-Го повикувам пратеникот Лефков, нека дојде со копија од мојата службена картичка, ќе чешламе трошок по трошок на кој сака медиум. Нека одбере тој време и медиум. Јас стојам на располагање. Ако има криминал во моето работење, нека повелат да ми го симнат имунитетот, имаат можност за тоа и ќе се појавам пред кој сакаат судија. Ако се утврди неправилност, грешката ќе ја признаам и парите веднаш ќе бидат рефундирани. Ако не, ВМРО фалсификаторска ќе добие тужба и уште еднаш ќе биде потврдена како дезинформатор и маниулатор на македонскиот народ, подвлече Костадиновска Стојчевска.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка.  Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека денеска ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Лефков обвини дека Костадиновска-Стојчевска во октомври 2023 година, додека била на четиридневно службено патување во Лондон, со народни пари купувала чорапи, хулахопки, плишани мечиња, топки и куфери.

Поврзано: 

Костадиновска Стојчевска: ВМРО ДПМНЕ се обидува да ме извалка со лаги, Лефков нека дојде со копија од мојата службена картичка

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаЉутков

НАЈНОВО

Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

Златната пена на секојдневието

June 8, 2025

Португалија и Шпанија ќе играат за трофејот во Лигата на нации

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk