ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски вели ако има објективни причини може да се одложи примената на Законот за забрана на нефер трговски практики

September 5, 2024 12:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека може да се одложи примената на Законот за забрана на нефер трговски практики за неколку недели доколку има објективни пречки и причини.

Според Мицкоски, важно е примената да биде како што треба.

– Доколку постојат објективни пречки или причини да треба да се се одложи за некоја недела не е тоа голем проблем, ќе ја донесеме одлуката да се одложи  за некоја недела само да биде имплементирано како што треба. Ова е закон донесен од претходната Влада. Ако објективно неможе да се примени нема со сила нешто да правиме, ако навистина нема можности така ќе постапиме, изјави денеска Мицкоски, на новинарско прашање за писмото што му го упатил претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески  дека е краток периодот за прилагодување кон новото законско решение.

Мицкоски рече дека нема добиено такво писмо, но оти ќе го прочита со големо внимание откако ќе го добие и ќе ја искоментира содржината.

Како што нагласи, нефер трговските практики треба да престанат.

– Ако мислите на оние појави што се случуваат кај трговските ланци кои продаваат производи без разлика  дали се  од македонско или од увозно производство, па за привилегирана местоположа на рафтовите наплаќаат одредена цена и се согалсувам  дека тоа претставува нефер трговска практика. Таа нефер трговска практика треба да престане. Не можеме едни производи да ги ставаме на крај, а други кои ќе платат повеќе да ги ставиме во центарот  и на тој начин да бидат привилегирани и да се зголеми и цената на производот, рече Мицкоски.

Истакна дека Владата има одлична комуникација со стопанските комори и најави дека ќе има средба со сите во следниот период за финансиската поддршка за стопанството што ќе следува и за натамошно градење партнерски однос.

-Полека но сигурно оние развојни половина милијарда евра што се земени како кредит под исклучително ниски каматни стапки ќе бидат ставени на располагање на стопанството преку комерцијалните банки. Сакаме да градиме партнерски однос со бизнис заедницата, рече Мицкоски, на прес-конференција во Владата за повикот за користење буџетски средства за инфраструктурни проекти во општините.

Законот за забрана на нефер трговски практики беше изгласан на 13 март годинава, а при крај е шестмесечниот период за прилагодување и старт на примената.

Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики.

Tags: Законот за забрана на нефер трговски практикиМицкоски
Next Post

Кузеска: По 40 години кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на Детската клиника Козле

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk