Вo населба Маџари, Општина Гази Баба, киното Маџари доби нов лик со голем и видлив графити: Мртов шиптар, добар шиптар.
Графитито е видлив од улицата, упатувајќи недвосмислена порака до сите кои поминуваат од таму и „гордо“ го претставува дискурсот кој повторно се обидува да се врати во мислите на граѓаните.
Говорот на омраза не е замрен, но очигледно се работи за релативно ново четиво за сите кои што поминуваат покрај киното, но и за оние кои се собираат во вечерните часови пред него.
Инаку кино Маџари е познато по барем две манифестации кои се оддржуваат под покровителство на Општината. На 15 јули тука на платото пред киното се оддржа меѓународна фолклорна манифестација, а предновогодишно се организира базар, како и новогодишните забави.
Преземено од Цивил Медиа