ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Јаневска: Воведувањето на едносменската настава е со цел учениците да стекнуваат на различни начини повеќе знаење

September 6, 2024 14:35
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Воведувањето на едносменско работење на училиштата, таму каде што е можно е дел од реформата во образованието, а целта е учениците да бидат подолго во училиштата, за да стекнуваат на различни начини што повеќе знаење, истакна денеска Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во Скопје, која одговараше на новинарско прашање за воведување на едносменската настава во основните и средните училишта во земјава.

Таа додаде дека оваа реформа е и за наставниците да станат функционални во корист на знаењето, компетенциите и вештините на учениците.

-Ова е цела една Стратегија. Општо е познато дека ние во земјава имаме вишок на наставници, а се помалку деца. Но, не велиме дека тие се вишок, оти нас ни требаат наставниците, за да го подигнат квалитетот на знаењето. Ние сме последни на сите меѓународни тестирања и домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа, каде што ние се стремиме, рече Јаневска.

Министерката за образование и наука, Јаневска појаснува дека учениците кои ќе следат едносменска настава нема цел ден да бидат над книгата, туку целта е интерактивно да го совладаат материјалот.

-Ако имаат домашна, истражување, проектна задача да го завршат тоа, да имаат многу спорт, да имаат многу информатика, да имаат претприемништво, да имаат физичко. Значи се она што им е потребно за реално да влезат во животот, за којшто се подготвуваат. Но и да научат критичко мислење, она што им недостасува на нашите деца, да научат решавање на проблеми, препознавање на проблеми од типот на булинг, препознавање и прифаќање на различностите, појасни Јаневска.

Министерката за образование и наука истакна дека досегашниот образовен систем не го овозможува сето ова. Јаневска вели  престојот на децата во училиштата нема да им биде тежок, бидејќи освен настава ќе имаат разговори и  слободно време.

-Значи не е ништо страшно. Таму каде што има услови започнуваме со оваа реформа. Таму каде што нема услови, каде што децата и наставниците се во две смени не ни очекуваме тоа да се спроведува, изјави Јаневска во Скопје по потпишувањето на партнерство меѓу групацијата НЕЛТ и УНИЦЕФ за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини.

Tags: едносменска настава
Next Post

Борче Костовски добитник на наградата за животно дело „8 Септември“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk