Во Собранието денеска ќе биде одржан прием по повод Денот на независноста – 8 Септември.
На приемот што го приредува претседателот на Собранието Африм Гаши, се очекува да присуствува државниот врв, министри во Владата, пратеници и други личности од општествениот живот.
Приемот по повод Денот на независноста во Собранието се одржува традиционално секоја година.