ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300

September 7, 2024 10:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус.

Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА открива детали за патеката, која ќе биде промовирана со свеченост достојна за ѕвезди на овој, како што вели, најстар и втор по големина, и во моментов многу значаен фестивал во светот.

– Не постои друг град во светот освен Холивуд, каде на главната улица, на Широк сокак, ќе бидат поставени ѕвезди на сите добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело со годината кога ги добиле почнувајќи од браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот. Едниот има добиено почесна награда, годинава ќе му доделиме и на вториот постхумно. Ќе се обидеме да најдеме членови од семејствата кои се живи, разбрав каде може да има, ќе ги поканиме да дојдат, да им ја дадеме наградата за братот кој што никогаш не бил чествуван соодветно. Годинава на двајцата им ставаме посебни ѕвезди, вели Дамевски.

Оваа своевидна „Патека на славните“ ќе почнува од пред киното Манаки и ќе оди кон Офицерскиот дом.  Годинава ќе бидат откриени 18 ѕвезди. Шестмина од досегашните лауреати  ќе присуствуваат на гламурозната свеченост на која секој ќе ја открие својата ѕвезда. Тоа ќе го направи и  годинашниот добитник на Златната Камера 300 за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој го потврдил своето присуство.

Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематограферите лауреати и вградени во плоча од мермер, а дизајнерското решение е дело на компанијата „Божиновски“.

Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, директорот на фестивалот говори за  напорите во неговиот четиригодишен мандат да го промовира и стави фестивалот во фокус на светската кинематограферска фела. Успехот се огледува, како што посочува, во постојаниот раст на бројот на гости на фестивалот и искористувањето на промените што се случуваат во филмската индустрија во последните години.

– Мојата крајна намера е овој фестивал не само да ја одбележува кинематографијата, туку да го сврти и веќе го врти окото на индустријата кон нас. На овој фестивал доаѓале наши медиуми, локални и регионални медиуми. Годинава, првпат ја имаме елитатата на филмската кинематограферска индустрија и светски најпознатите магазини посветени на филмската уметност. Ни доаѓа Бритиш синематографер, кое е едно од двете најголеми списанија, Американ синематографер, најголемото списание, доаѓа Синегрл, главното списание за жени во филмската индустрија, доаѓа Дефинишн магазин. Во моментов преговараме со Варајети кое е најголемото списание за филм во светот, кое досега најблиску во регионот било во Сараево и во Солун. Ни најавија дека ќе дојдат, и преговараме во моментов ако дојдат да има на една страница реклама за фестивалот „Браќа Манаки“. Значи тоа е растот што го правиме, вели директорот на Фестивалот.

Мотото на фестивалот годинава е „Еден е Манаки“. Се отвора на 21 септември, а ќе го донесе кремот на светската кинематографска фела. Во Битола се очекува да пристигнат  17 врвни мајстори на филмската камера кои за својата работа се закитиле со бројни награди од најпрестижните филмски фестивали и асоцијацијации.  Во седумте фестивалски дена публиката ќе ужива во 65 исклучителни филмски остварувања. Фестивалот го отвара филмот „Партенобе“,на прославениот Паоло Сорентино, кој беше хит на последниот Кански фестивал сниман од Дарија Д Антонио, претседателка на жирито на „Манаки“ од пред две години. Со македонската премиера на  филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец, ќе се затвори Фестивалот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Браќа Манаки“БитолаЗлатка камераМони ДамевскиШирок сокак

НАЈНОВО

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

May 30, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Регионална конференција за медиуми во Сараево: Новинарството и вештачката интелигенција

May 29, 2025

„Њујорк тајмс“ постигна договор со „Амазон“ за обука на вештачка интелигенција

May 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Аце Циганот“ по 27 години бегство се враќа во Шутка, му се отвара ли патот и на Груевски за да слета во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓубре исфрлено пред Град Скопје, Арсовска до Ганиу – никој не ти се плаши сè ќе објавиме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до ЈО: Имаме информација дека за фалсификатите и дивоградбите во Општина Чаир активно се уништуваат докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две фирми за фустани треба да опремат со униформи специјални единици на МВР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk