ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Македонското новинарство – на работ на академското преживување

September 11, 2024 14:45
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

НОВА ТВ – Интервју со проф. д-р Даниела Блажевска, редовен професор по медиуми и комуникации на катедрата за новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ:

Доколку новинарството го разгледаме како професија, станува збор за мошне интерактивна, но и професија која нуди повеќе правци: економија, култура, здравство, политика, судство, забава… Што значи дека студентите имаат голем избор за тоа каде ќе се пренасочат, работа во телевизија, пишан медиум или радио. Но, очигледно е дека оваа професија звучи интересно само помеѓу овие редови не и во реалноста.

Кога зборуваме за поразителни бројки на нови студенти на одредени катедри, како што е долгогодишниот  проблем на катедрата за македонски јазик каде секоја година се помалку студенти се запишуваат или како што е познатиот проблем со природно математичкиот факултет, особено катедрата за физика, редно е да споменеме и за катедрата за новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Оваа година на катедрата се запишани само шест студенти. Новинарството веќе неколку генерации наназад не е најпривлечната професија на младите. Но, зошто е тоа така?

НОВА: Од година во година се` помалку студенти се определеуваат за новинарските студии. Кои се причините?

Блажевска: Веројатно, има повеќе причини за драстичното намалување на интересот на средношколците да се запишат на студиите по новинарство. За да бидеме сигурни, потребно е да се прават истражувања на средношколци зошто не сакаат да бидат новинари или доколку сакаат, дали нешто или некој ги спречува да изберат да студираат новинарство.

НОВА: Што се случува со квалитетот на новинарските студии? 

Блажевска: Од минатата 2023/24 академска година имаме нова програма на студиите поновинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети

Кирил и Методиј“ во Скопје. Направивме големи промени во програмата. Се

надевам дека новата програма ќе привлече повеќе студенти по новинарство.

НОВА: Дали во текот на студирањето студентите по новинарство имаат можност за пракса?

Блажевска: Во изминативе неколку години имавме одлична соработка со телевизија Сител, која ги отвори вратите за практична работа за нашите студенти. Сега голем број од студентите работат таму.

НОВА: Што се случува со студиото наменето за нив дали ќе биде достапно за употреба оваа академска година и што ќе можат во него да вежбаат студентите?

Блажевска: Изминатата година изградивме телевизиско студио. Добивме донација за набавка на опрема од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Имаме двегодишен проект со Волтер Кронкајт Школата за новинарство и масовна комуникација (Walter Cronkite School of Journalism and Mass Communication) при Државниот универзитет во Аризона (Arizona State University) во САД. Оваа година би требало да започнеме да го користиме студиото за вежби: снимање и монтирање вести, извештаи, интервјуа …

НОВА: Вашите студенти -при неформални средби со Вас, што Ви пренесуваат за амбиентот во редакциите во кои работат, колку се самостојни а колку и посредно од кој тип медиуми се изложени наразни уреднички сугестии кои се нестандардни за професијата во смисла да треба да отстапуваат од новинарските кодексни принципи за кристална објективност?

Блажевска: Не ми се жалат студентите за амбиентот во редакциите во кои работат. Не знам како им е.

НОВА: Како денес го оценувате македонското новинарство во смисла на негова професионалност како стручна така е етичка?

Блажевска: Најголемиот проблем на новинарството во Република Северна Македонија е што не се вработуваат образовани новинари. Мислам дека образованието треба да биде првиот услов што треба да се исполни при ангажирањето на новинари во масовните медиуми (студенти по новинарство, дипломирани новинари). Во масовните медиуми има потреба од различни профили на човечки ресурси, но за сите работни места треба да се избира соодветно образован кадар.

НОВА: Во регионални рамки бар, дали македонското новинарство е со повеќе светол образ  од новинарството во регионов или се` уште целиот медиумски информативен Балкан е под стегите на на дневните политики?

Блажевска: На Балканот има многу развиени масовни медиуми. Секој медиум има своја уредувачка политика. Дневната политика е неизбежна. Но во медиумите има различни рубрики. Има по нешто за секого.

Марија Тодоровска / Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Даниела Блажевскаинтервјукатедра за новинарствоновинарствоПравен ФакултетстудентиУКИМ

НАЈНОВО

Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk