ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВЛЕН: ДУИ и СДСМ итаат да го донесат Законот за бранители за да се спасат од политичка корупција

September 12, 2024 11:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Времето на политичките игри заврши! Коалицијата ВЛЕН нема да стои со скрстени раце додека опозицијата и нејзините тивки сојузници се обидуваат да ја запалат искрата на меѓуетничките поделби за да се спасат од својата политичка корупција. Доста е со манипулации и провокации!, велат во соопштение коалицијата ВЛЕН.

Оттаму истакнуваат дека „главен покровител на Законот за бранители е ДУИ, а душегрижникот Блерим Беџети, заедно со Данела Арсовска и Левица, го донесоа Андон Лазов Јанев Ќосето во Скопје“.

„Нека го прашаат Талат Џафери, кој со новиот деловник овозможи да се испровоцираат вакви ситуации. Исто така, нека го праша  Артан Груби како се случи, надвор од секоја логика да обештети четири „бранители“ со 30 илјади евра! Законот влезе во процедура затоа што според новиот деловник, нема можност да не се стави на дневен ред закон предложен од пратеник, Влада или кој било што има право да предложи закон. Опозициската СДСМ уште еднаш покажа дека нема намера да гради заедничка иднина за граѓаните, туку да ги отвора раните од минатото за ниски политички придобивки. А ДУИ, продолжува да ја игра својата старо-нова игра, насочена кон одвлекување на вниманието од своите криминали. Во знак на протест против оваа ниска и неодговорна стратегија, нашите пратеници од Коалицијата ВЛЕН ја напуштија седницата. Нашата порака е јасна: нема да дозволиме Собранието да стане арена на манипулации и поделби. Законите што имаат за цел да го поделат албанскиот народ и да го одржуваат во живот  корумпираниот систем, немаат место во нашата агенда! Тука сме за да го браниме правото на албанскиот народ и да бараме сеопфатно решение за сите рани од минатото, вклучително и статусот на поранешните борци на ОВК. Нема да дозволиме ваквите прашања да се користат за прикривање на неуспесите и злосторствата што се направени врз нашиот народ“, соопштуваат од ВЛЕН.

Tags: бранителиВЛЕН
Next Post

Папа Франциск: Технолошкиот развој го изолира поединецот и го става во лажна реалност

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk